Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бесими: Дополнителна поддршка за земјоделците преку нов фонд и повеќе средства за зелен развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бесими: Дополнителна поддршка за земјоделците преку нов фонд и повеќе средства за зелен развој
Агровести

Бесими: Дополнителна поддршка за земјоделците преку нов фонд и повеќе средства за зелен развој

Објавено 28/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците ќе се формира во 2022 година. Средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедија преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот за 2022 година за кој расправата е во тек во собраниската матична Комисија.

– Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека земјоделството е важен сектор во нашето стопанство и дека има потреба да се интервенира кога на пазарот има пореметување, особено кога цените се на ниво кога земјоделците не можат да ги покријат трошоците, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во рамки на амандманската расправа, која почна во собраниската матична Комисија.

Тој потенцира дека со формирањето на Интервентниот фонд во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој во 2022 година ќе се поддржи стандардот на земјоделците.

Ова ќе биде дополнителен инструмент на веќе постоечките субвенции во земјоделството кои инаку во 2020 година и 2021 година беа на највисоко ниво досега. Притоа во 2020 година во услови на пандемија беа исплатен 8,8 миллијарди денари, додека во 2021 година со ребалансот се доделени 8,5 милијарди денари.

Во рамки на расправата министерот истакна дека тренд на зголемување има и кај средствата за зелен развој.

– Во 2021 година првпат во Буџетот воведовме програма за зелен развој која беше планирана на ниво од 685 милиони денари, а во 2022 година средствата се проектирани на 3,6 милијарди денари. Генерално има тренд на зголемување на средства за зелен развој и заштита на животната средина. Така во 2018 година средствата беа на ниво од 980 милиони денари, во 2019 – 1,1 милијарда денари, 2020 – 1,5 милијарди денари, 2021 – 2 милијарди денари и за наредната година во 2022 година се проектирани на 3,6 милијарди денари.

Дополнително само за заерозагадување преку нова програа се предвидени 1,7 милијарда денари.

Министерот упати на тоа дека се обезбедени и средства преку Светската банка за енергетска ефикасност на јавни објекти. Со предвидените 25 милиони евра ќе се подобрува енергетската ефикасност на јавни објекти, меѓу кои и здравствени установи, а проектот опфаќа и замена на начинот на греење на објектите, со цел тие да станат еколошки. Проектот ќе почне да се реализира од 2022 година, а во тек е поднесување апликации за проекти од општините.

Расправата по поднесените амандмани, која почна вчера, согласно Деловникот трае пет дена. На Предлог-буџетот се поднесени вкупно 223 амандмани.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бесимизелен развојПоддршка за земјоделците
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК бр. 2/2021 за користење на Финансиска поддршка за порибителен материјал и додполнителна заштита на рибите во риболовните води
Следен напис Македонски манастирски туризам: Конакот “Гостински Палат”- инвестиција над 900.000 евра од кои околу 500.000 евра се ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?