Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: На располагање се нови средства за развој на рибарство и аквакултурата отворени два нови повици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: На располагање се нови средства за развој на рибарство и аквакултурата отворени два нови повици
АгровестиЈавни огласи и повици

Бачовски: На располагање се нови средства за развој на рибарство и аквакултурата отворени два нови повици

Објавено 27/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите заинтересирани, дека од денеска па до 24 декември, отворени се два нови повици за развој на рибарство и аквакултура. Станува збор за објава на мерките „Дополнителна заштита на рибите и риболовните води“ како и мерката „Финансиска поддршка за порибителен материјал“

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека преку овие два огласа, ќе може да се реализираат инвестиции за модернизација и развој на рибарството и аквакултурата во земјава.

„ Со мерката заштита на рибите и риболовните води, финансиска поддршка до 30.000 денари, може да добијат сите кои имаат направено инвестиции за заштита на риболовни ревири и рекреативни зони. До 150.000 денари, поддршка ги следува сите што ги заштитиле риболовните зони, додека до 400.000 денари поддршка ќе може да добијат сите кои имаат заштита на риболовните подрачја  во период од 1 април 2021 година до 15 јули 2021 година. Финансиска подршка до 40%  од пазарната цена на подмладокот , може да добијат и сите кои имаат набавен или одгледан сопствен подмладок во период од 01 јули до 30 септември. Капацитетите кои ќе аплицираат за оваа подмерка, потребно е да немаат направено увоз на жива риба и порибителен материјал во период декември лани до истиот месец годинава .“ – појасни Бачовски.

Исто така од денеска ќе може да се аплицира и за добивање на финансика поддршка до 7.000.000.00 денари по поединечен корисник од кои максималниот поврат на средства е од 50 до 65% од прифатливите трошоци за реализирана инвестиција.

Средствата се неповратен грант а се наменети за градба на нови, или  реконструкција на  постојните капацитети. Исто така преку овој повик може да се аплицира и за градба или модернизација на  капацитети за преработка на рибите.

Барањата како и целокупната документација за повиците може да се превземат од веб страната на АФПЗРР, односно на www.ipardpa.gov.mk.

 Сите заинтересирани документите треба да ги  достават во оригинален примерок. Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарство и аквакултура за 2021 година, заедно со целокупната потребна документација која е наведена во двата повика се доставуваат во затворен плик.

На пликовите со комплетната документација на предната страна во горниот лев агол треба да има назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“, за Јавен повик 02 или 03 /2021 и назначување на шифрата на потточката за која се однесува барањето. 

Краен рок за аплицирање за двата Јавни огласи е 24 декември 2021 година.

Барањата кои ќе бидат  доставени по предвидениот рок нема да се разгледуваат. 

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: [email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аквакултураБачовскиотворени повици
Претходен напис Рудникот САСА ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци
Следен напис Финансиска поддршка за изградба и модернизација на капацитети во аквакултура и рибарство, во висина од 7.000.000 денари по поединечен корисник-ЈАВЕН ПОВИК бр.03/21
1 коментар 1 коментар
  • Aleksandar напиша:
    на 27/11/2021 г. во 12:00 часот

    Moze da ni kazete koija procedura da se potkrene ribarstvo

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?