Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИЗВЕСТУВАЊЕ : За поднесување на барања за складиштарење на пченица и јачмен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ИЗВЕСТУВАЊЕ : За поднесување на барања за складиштарење на пченица и јачмен
Агровести

ИЗВЕСТУВАЊЕ : За поднесување на барања за складиштарење на пченица и јачмен

Објавено 14/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на пченица и јачмен кои производството од реколта 2026 година го имаат складирано кај регистриран складиштар дека е во тек поднесување на барања за мерка 5 „Мерка за поддршка за складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2026 година“.

Корисници се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен во 2026 година и оствареното производство да е предадено на складиштење кај регистриран складиштар во период од 15 јуни до 15 септември 2026 година.

Прифатлив период на складирање е најмалку 2 а најмногу 9 месеци.

Прифатливи количини се максимум складирани 5.000 тони по земјоделско стопанство одделно за пченица и за јачмен;  максимум прифатлива количина 5 тони по хектар пријавена површина со соодветната култура.

Висина на поддршка е 100% од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари по тон за еден месец.

Средствата се исплаќаат на сметка на складиштарот во име и за сметка на барателот.

 Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ од веб страната на Агенцијата „https://www.ipardpa.gov.mk/“.

Поднесеното барање потребно е да се испечати, потпише и да се достави во писмена форма до Агенцијата преку пошта или директно до архивата на Агенцијата.

Во прилог на барањето се доставува: Договор за складирање и Потврда за извршено складирање.

Краен рок за поднесување на барање за пченица и јачмен е 30 септември 2026 година.

Агенцијата дополнително ќе ги извести оризопроизводителите за условите и почетокот на аплициањето за складирање на оризова арпа, за која краен рок за поднесување на барање е 25 декември 2026 година.

АФПЗРР

Може да ви се допадне

Производители на пиперки денеска на протест: Еден час ќе биде блокиран патот Прилеп – Битола
„Инвеститорски ден“ во организација на Македонска берза
ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
Денеска е црковната Нова година – почеток на новиот богослужбен круг и повик кон духовна обнова
Таг:барањаИзвестувањејачменподнесување
Претходен напис „Инвеститорски ден“ во организација на Македонска берза
Следен напис Производители на пиперки денеска на протест: Еден час ќе биде блокиран патот Прилеп – Битола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?