Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ивана Ристовска, млада програмерка и вљубеничка во пчеларството, доби 10.000 евра од програмата „Млад земјоделец“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Ивана Ристовска, млада програмерка и вљубеничка во пчеларството, доби 10.000 евра од програмата „Млад земјоделец“
Агровест

Ивана Ристовска, млада програмерка и вљубеничка во пчеларството, доби 10.000 евра од програмата „Млад земјоделец“

Објавено 23/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Педесет млади земјоделци од вкупно 111 апликанти, добија финансиска поддршка во вредност до 10.000 евра по корисник. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

Една од нив е Ивана Ристовска, голема вљубеничка во пчеларството и студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

„За повикот се информирав од пчеларските здруженија, а условите за аплицирањето воопшто не беа тешки“, ни објасни Ивана.

За Ивана пчеларството претставува една преубава професија, која треба сѐ повеќе да се негува. Ја прашавме како решила да почне да се занимава со одгледување пчели.

„Веќе две години одгледувам пчели. Одлучив да почнам сосема случајно, читајќи многу литература, како и разни статии за функционирањето и организацијата на пчелните семејства. Сето тоа ме заинтересира и решив да пробам.“

Ивана има 21 сандак со пчели во чиста, еколошки незагадена средина во село Папрадиште, општина Чашка, засега произведува и продава само мед, а со добените средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој планира да го зголеми бројот на пчелни семејства и да ја прошири палетата на производи. Освен во насока на зголемување на бројот на пчелни семејства, нејзиниот деловен план е насочен кон набавка на сите потребни алатки и машини со кои ќе го олесни работењето, ќе го зголеми бројот на сандаци и ќе го модернизира процесот.

За Ивана пчеларството претставува една преубава професија и како што вели, „доколку навлезете малку повеќе во светот на пчелите, ќе видите всушност колку се тие уникатни и потребни за сите нас“.

На последниот повик за мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, пристигнаа 111 апликации. Од нив 50 апликанти ги исполнија условите и со нив ќе бидат потпишани договори за добивање финансиска поддршка во форма на неповратен грант, со вредност до 10.000 евра по корисник.
Овие средства се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и претставуваат иницијална поддршка од државата за младите земјоделци да можат полесно да започнат сопствен бизнис, да создадат нови брендови на пазарот, да инвестираат во нови дејности преку кои ќе ги реализираат своите идеи.
Сите одобрени грантови, се врз основа на добри деловни планови кои имаат развојна компонента, го таргетираат домашниот пазар, користат сопствени ресурси и имаат компонента за модерно производство, со примена на добри земјоделски практики и грижа за животната средина.

Радува податокот што на последниот повик, подеднакво бил голем интересот и кај жените и кај мажите кои се на возраст до 40 години. При тоа, побарувањата за грант се од сите земјоделски гранки: млекарство, сточарство, пчеларство, овоштарство, винарство, производство на сточна храна како и набавка на земјоделска механизација.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Претходен напис Здружението „Млад сточар“ ја проширува соработката со здруженијата од регинот
Следен напис Бачовски: Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенции по повеќе мерки
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?