Битката на неговата земја со Брисел поради ( корона обврзницата) на очајниот италијански млекар му дала идеја : Зошто да не се започне со издавање на сирница?!
Сопственикот на фарма за биволи Ѓузепе Моресе тоа го нарече „ креативно финансирање“. Луѓето плаќаат однапред и добиваат потврда дека нивниот цациокавало, кружно сирење во форма на солза, дека ќе чекаат доволно да созрее.
– Платете веднаш, а завршниот производ ќе го добиете кога ќе созрее“, вели Моресе на својата фарма во околината на Наполи додека позади него десетина биволи се валкаат во калта. Говедата таму се примарни затоа што од нивното млеко се прави моцарела за бројни пицерии во регионот.
Сите ресторани со недели се затворени поради сузбивање на пандемијата. Наместо да го фрли вишокот на млеко, Моресе одлучил да го употреби за цациокавало, кој исто така е специјалитет на италијанскиот југ, а инаку се прави од кравјо или овчо млеко.

– „На нашите клиенти им нудиме, барем на оние кои ни се најблиску и кои најмногу ги сакаат италијанските производи, можност да вложат и да не подддржат“, вели тој.
Италијанската економија застана откако владата борејќи се со најлошата зараза во Европа, ги затвори сите продавници и ресторани. Големината на моресеовите сирења упатува на тоа дека тој се подготвува за најлошото.

– „Правиме вака големи сирења затоа што сакаме подолго да зреат,се надеваме дека до тогаш ковид -19 ќе биде само мината ноќна мора, вели тој.
Најголем проблем на италијанските компании кои останаа отворени е каде да се испорачаат производите. Сите кафулиња и ресторани се затворени од 12 март и така ќе останат до 1 јуни.
-„ Пандемијата создаде економски шок, создаде вишок на производи во однос на побарувачката“, изјави Вичензо Тропиано, шеф на италијанската земјоделска заедница Колдирети.
-„ Обврзниците за сирење помагаат за обнова на рамнотежата“, вели Тропиано, кој помага на Моресо во издавање на обврзници и гарантира дека секој ќе добие сирење кое го платил.
Еден пар, на пример ми платил 45 евра и добил гаранција дека во рок од две години ќе добијат седум килограми сирење за својата венчавка.
– „ Среќни сме што добивме некои нарачки и трансфер на пари“, изјавил млекарот.
Нашиот слоган е „вишокот го претвораме во извонредност“.
