Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комплетно чистење и дезинфекција пред повторно отворање на угостителските објекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комплетно чистење и дезинфекција пред повторно отворање на угостителските објекти
Агровести

Комплетно чистење и дезинфекција пред повторно отворање на угостителските објекти

Објавено 07/05/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) бара од сопствениците на угостителски објекти пред најавата дека е можно од следната недела некои од нив да бидат отворени да спроведат дезинфекција и чистење на опремата и на површините за обработка на храна и да го дезинфицираат целиот објект.

Зоран Атанасов, директор на АХВ, на прес-конференција на Инспекцискиот совет рече дека и забелешките од досегашните надзори што се направени од почетокот на вонредната состојба се однесуваат токму на лошите хигиенски услови – за чување на храната и на површините каде што се обработува, или на немањето сертификати кај вработените за безбедност во ракување со храна, како и за неспроведени санитарни прегледи.

Атанасов истакна дека овие забелешки не се однесуваат само на спречување на ширењето на коронавирусот, туку и воопшто за спречување на евентуално ширење на болести преку храната.

Во периодот од 27 април до 3 мај Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 154 надзори во повеќе градови и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници, зелени пазари при што се изречени 5 казнени мерки поради немање обука за безбедност на храна и 12 решенија за лоша општа хигиенска состојба.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:градовиЗоран Атанасовковидмаркетиресторани
Претходен напис Италијански млекар со интересна идеја го спасил бизнисот
Следен напис Прогноза на бугарските аналитичари: Подобри цени на зеленчукот и поголемо производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?