Италија ги отвора границите за граѓаните од државите на ЕУ и Шенген зоната, без обврски за карантин и им овозможува доаѓање на околу 150.000 сезонски работници за престојната берба. Ова се случува после речиси три месеци блокада поради корона вирусот, и се прави за спас на италијанското земјоделско производство, наведува здружението Колдирети.
Италијанското земјоделско здружение Колдирети соопшти дека, меѓу првите сезонски работници од 3 јуни во Италија ќе бидат граѓаните на Романија, Полска, Бугарија и други земји на ЕУ, а доаѓањето на сезонски работници од државите нандвор од ЕУ ќе биде можно од 15 јуни.
Колдирети проценува дека секоја година во Италија доаѓаат 370.000 сезонски работници од странство и дека тие сочинуваат 27 % од вкупнито број потребни работници во тој сектор.
Италија е прва евроспка држава која на почетокот од март ги воведе мерките за карантин на целата територија, а во мај започна постепено попуштање на рестриктивните мерки, додека отворањето на регионалните и државните граници е најавено за 3 ти јуни за граѓани кои доаѓаат од земјите на ЕУ и Шенген зоната.
Извор:Agronews
Напишете коментар