Кога Европската Унија во 2017 година ги укина квотите за шеќер, дојде до хиперпродукција и пад на цената на шеќерот на пазарот. Системот на производни квоти беше на сила точно 50 години. Со укинувањето, дојде до незабележителен годишен пораст на производството, особено од страна на неколку најголеми компании во ЕУ на кои, секогаш скриена цел им била, да ги уништат малите производители.

Дополнителна неповолна околност е рекордното производство во Индија, Тајланд и Австралија, што доведе до глобални вишоци. Во комбинација на тие два фактори доаѓа до вртоглаво паѓање на цените на шеќерот на ЕУ пазарот. Просечната цена од март оваа година од 375 евра за тон е под прагот на одрживост на повеќето европски шеќерани.