Сподед најавата на Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски, Повикот за Мерка 7 од ИПАРД програмата се очекува да биде објавен на почетокот на овој месец. Во меѓувреме информирајте се за условите за аплицирање и документите кои ви се потребни.
Прочитајте ги одговорите на некои од прашањата што ги добиваме секојдневно од страна на нашите читатели кои се заинтересирани да аплицираат на овој јавен повик.
1. Дали во Мерка 7 прифатлива инвестиција може да биде винарија или дестилерија за ракија?
Во Мерка 7 од ИПАРД програмата, во приоритетниот сектор„ Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“ спаѓа производство на алкохолни производи од грозје или овошје и пиво. Но сепак прифатлива инвестиција може да биде само дестилерија за ракија, но не и винарија.
2. Дали во Мерка 7 прифатлива инвестиција може да биде производство пакување на органско ѓубриво?
Да, производството на органско ѓубриво може да
Да, производството на органско ѓубриво може да биде прифатлива инвестиција воо оваа мерка 7 во согласност со листата на прифатливи не- прехрамбени производи прикажана во Прилог 5 во упатството за корисниците на мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“и согласно важечката Национална класификација на дејности ( НКД).
3.Во документацијата потрребна за приоритетниот сектор 7 – „Промоција на рурален туризам“наведено е дека потребно е да се достави Решение за вршење угостителска дејност-сместување. Како да се обезбеди овој документ доколку објектот не е изграден?
Доколку објектот не е изграден , односно е предвиден да се гради како инвестиција со ИПАРД Мерка 7 тогаш овој документ ќе се доставите пред исплата кога ке се изгради и заврши објектот
4.Дали Мерката 7 поддржува инвестиција развој на спортски риболов?
ИПАРД Мерка 7 подржува во рамките на Руралниот туризам инвестиции поврзани со спортски риболов. Тоа спаѓа во Аквакултура и рекреатвни активности за туристите, но потребна е соодветна дозвола издадена од МЗШВ.
5.Дали Мерка 7 поддржува одгледување на дивеч
ИПАРД Мерка 7 поддржува инвестиции за одгледување на дивеч во рамките на секторот за Алтернативно земјоделско производство. Меѓутоа треба да се има во предвид дека апликантот треба да поседува соодветна дозвола за тоа издадена од страна на МЗШВ.
6. Дали ИПАРД Мерка 7 поддржува подигнување на насади со боровинки во рамките на секторот за Алтернативно земјоделско производство?
Не , Мерката 7 не поддржува подигање на насади со боровинки , бидејќи боровинките спаѓаат во овошни насади и се опфатени со Мерката 1.
7.Дали за ИПАРД фондовите можат да аплицираат Здруженија на граѓани?
Не , здруженија на граѓани не можат да аплицираат за ИПАРД фондовите.
8. Кои Правни лица можат да аплицираат за ИПАРД Програмата мерка 7?
Можат да аплицираат Правни лица (микро и мали претпријатија), кои ги исполнуваат критериумите утврдени во Препораката 2003/361/ЕС (истата може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk), и тоа:
Микро: Број на вработени < 10 , Годишен приход (обрт) ≤ €2 милиони, Биланс на состојба ≤ € 2 милиони.
Мало: Број на вработени <50, Годишен приход (обрт) ≤ € 10 милиони и Биланс на состојба ≤ € 10 милиони.
9. Дали можата да аплицираат физички лица
-За ИПАРД програмата мерка 7 можат да аплицираат и Физички лица и тоа:
-кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина:
• Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за
занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата:
• Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во Регистарот за угостители
согласно Законот за угостителска дејност, за активностите за кои е предложена инвестицијата;
• Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со
Законот за трговски друштва;
• Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства како претставник
на семејно земјоделско стопанство или друг член на семејно земјоделското стопанство и
• Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во Регистарот на
индивидулни земјоделски производители во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско осигурување.
Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности во руралните
средини (на пример за самовработување) се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка само
доколку ги исполнат специфичните барања, односно доколку тој/таа:
• поседува докажани професионални способности преку стручно образование или стручна обука или друг
професионално признат сертификат за одделна стопанска не-земјоделска дејност;
• се обврзе дека на крајот на инвестицијата (пред поднесување на конечното барањето за исплата) тој/таа
ќе ја регистрира економската активност како занаетчија, угостител или трговец поединец во општината
каде што се наоѓа руралната средина.
Доколку имате и вие конкретни прашања можете да ни пишете во коментар или на Е-пошта: [email protected] и ќе добиете одговор на сите ваши дилеми.