Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИПАРД фондови: Мерка 7 -Диверзификација на фармите и развој на бизниси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > ИПАРД фондови: Мерка 7 -Диверзификација на фармите и развој на бизниси
Рурален РазвојФондови

ИПАРД фондови: Мерка 7 -Диверзификација на фармите и развој на бизниси

Објавено 05/08/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 2 се очекува да биде во првата половина на годината. Имате доволно време за да се информирате за што се може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни.

Целосните информации ќе ги има откако ќе излезе повикот, но генерално ова се основните информации за Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Корисници

  • Физички лица;
  • Правни лица (микро и мали претпријатија);
  • Задруги.

Приоритетни сектори

  • Алтернативно земјоделско производство – (одгледување на печурки и тартуфи, хортикултура, производство на семенски и саден материјал, одгледување на зајаци, полжави, птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки тетреби, ноеви, емуа и бисерки, дивеч, пчели, одгледување на зачински и ароматични растенија, насади на дрвја за дрвена граѓа и био-маса (брзо растечки), аквакултурни фарми за слатководна риба.
  • Производство на прехранбени производи и пијалаци – (со исклучок на инвестиции кои се прифатливи по другите мерки од ИПАРД Програмата)
  • Производство на не-прехрамбени производи – (сите дејности согласно листата на дејности која е Прилог 14 на ИПАРД Програмата)
  • Развој на занаетчиски активности – (во согласност со Правилникот за начинот на определување на активности кои можат да се вршат со занаетчиство)
  • Обезбедување на услуги во земјоделството – (ветеринарна дејност, работилници за одржување и поправка на земјоделска механизација и опрема, услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини)
  • Развој на услуги за руралното население – (услуги за поправка и одржување, за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн), за дневно згрижување на деца, образовни, информатички, спортско-рекреативни центри и сл.)
  • Промоција на руралниот туризам – (сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови, готвење и служење на храна, соби за дегустација/продажба, рурални музеи, простории за семинари/обуки, едукативни фарми, рекреативни активности за туристите)
  • Производство и продажба на енергија од обновливи извори: (соларна и ветерна енергија, преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, освен биомаса од рибни производи, производство на био-гориво, преработка на шумска биомаса).

Стандарди

На крај на инвестицијата потребно е да се достигнат минималните национални стандарди за:

  • Јавно здравје;
  • Благостојба на животните;
  • Безбедност на храна;
  • Заштита при работа;
  • Заштита на животна средина.

Во зависност од специфичната економска дејност на барателот потребно е на крајот на инвестицијата да бидат исполнети сите барања согласно националното законодавство.

Сопственост на земјиште/објекти

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост или
  • Договор за закуп (најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето);

Специфични критериуми

Инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели за сместување и/или ресторански услуги се ограничени на:

  • 10 соби (20 гости);
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости);
  • 50 гости за ресторански услуги.

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели за сместување и/или ресторански услуги се ограничени на:

  • 20 соби (50 гости);
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости);
  • 150 гости за ресторански услуги

Економска одржливост

Економската оддржливост на инвестицијата барателот ја докажува преку:

  • Технички предлог проект (за инвестиции до 50.000 €);
  • Деловен план (за инвестиции над 50.000 €)

Прифатливи инвестиции

  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување.

Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект – 1.500 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект – 1.000.000 €

Идни инвестиции

Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамки на оваа мерка во текот на  спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 1.500.000 €) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализиарни (исплатени на корисникот).

Документација

Барање за користење на средства МЕРКА 7

Упатство за корисници на средства од МЕРКА 7 

Упатство за изработка на ДЕЛОВЕН ПЛАН

Упатство за прибирање на ПОНУДИ

Упатство за изработка на ТЕХНИЧКИ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ

MЕРКА 7-БРОШУРА MKD

МЕРКА 7-БРОШУРА АЛБ

Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште

Може да ви се допадне

По изборите: Милијарди евра од Брисел на пат кон унгарските земјоделци?
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Постапка за издавање согласност за градење на помошни објекти, оранжерии на земјоделско земјиште
Закон за земјоделско земјиште: Изградба на објекти на земјоделско земјиште
Таг:објектирурален развојтуризамфондови
Претходен напис Во гевгелиско зголемен бројот на апликантите за зелена нафта
Следен напис Македонскиот активен туризам со ново видео на Lonely Planet
1 коментар 1 коментар
  • Валентина напиша:
    на 06/08/2020 г. во 21:58 часот

    Заинтередирана сум за одгледувањена зачински растенија

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?