Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Последниве шест месеци секој втор ден регистриран по еден пожар во Кичево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Последниве шест месеци секој втор ден регистриран по еден пожар во Кичево
Агровест

Последниве шест месеци секој втор ден регистриран по еден пожар во Кичево

Објавено 06/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатото шестмесечие на територија на Oпштина Кичево регистрирани се вкупно 92 пожари, што е во рамки на просекот споредено со претходните неколку години.

Најмногубројни се пожарите на отворен простор на ниви, ливади и на ниско стеблеста деградирана шума, додека пожарите на објекти се нешто помали. Најмногубројни се опожарувања на моторни возила, потврди за МИА командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.

– Во изминатото шестомесечие во нашата општина се регистрирани вкупно 92 пожари, од кои најмногубројни 64 пожари се регистрирани на отворен простор, кога беа опожарени ниви, ливади и шуми. Во истиот период се регистрирани и 26 пожари на куќи, плевни шупи и друг вид објекти и најмалку два пожари се регистрирани на моторни возила. При овие пожари регистриран е и еден починат од труење со чад во затворена просторија и еден повреден од единицата при интервенција во гасење на пожар – рече командирот Соколески.

Тој ги наведе за споредба бројките на пожари евидентирани во истиот временски период во последните неколку години.

– Во последните неколку години бројот на регистрирани пожари споредено со ова полугодие се многу слични со исклучок на 2019 година, кога во истиот период се регистрирани рекордни 200 пожари, од кои само во месец март се половината од овие пожари. Во овие години се бележат 99 пожари во 2018 година и 70 пожари од трите видови во 2017 година – додаде командирот Соколески.

Тој упати апел до месното население да се воздржи од палење оган на отворен простор и во шумите, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци од цигари кога се на отворено за да не се случат пожари од поголеми размери поради сушата која е присутна во земјава последниве месец и половина.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено, да се ограничат движењата и да се користат заштитни маски
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:Кичевопожар
Претходен напис (Фото) Берово и Пехчево добија четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите и дрон
Следен напис Најчесто поставувани прашања за ИПАРД Мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“, бидете во тек!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?