Новиот јавен повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ претставува одлична можност за модернизирање на опремата со која располагаат земјоделските стопанства. Листата на прифатливи инвестиции во набавка на нова механизација, опрема и машини е голема, а во продолжение ќе се задржиме на прифатливите трошоци поврзани со постбербени активности, преработка на фарма и директен маркетинг на сопственото производство.
ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
Покрај инвестиции во растително производство, сточарство и рибарство, на јавниот повик 01/2025 може да се аплицира и за инвестиции во преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма.
Основен предуслов е правните и физички лица кои се претставници на земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС да се занимаваат со производство на некои од наведените производи:
- Млеко и млечни производи
- Јајца, месо и производи од месо
- Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури
- Шира од грозје, сок од грозје и вино
Локацијата на земјоделското стопанство може да биде во било кое населено место во Македонија.
ИЗНОС НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Основната поддршка преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.
Процентот на кофинансирање се зголемува до:
- 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (линк до листата)
- 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 до 40 години)
Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 750.000 евра.
Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 20.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 20.000 евра нема да се разгледуваат.
ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
- Опрема за прием, собирање и складирање
- Опрема за манипулација, товарање и растоварање, виљушкари подвижни ленти
- Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, премачкување со восок, класирање, ладење, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали
- Опрема за мерење на тежина
- Опрема за предладење, ладење и замрзнување
- Опрема за сечење, мелење и подготовка за преработка
- Опрема за де-аерација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација
- Резервоари, танкови
- Опрема за конзервирање, сушење, дехидрација, замрзнување
- Опрема за полнење, пакување и етикетирање
- Опрема за зашеметување, навлажнување, загреавање и вадење на внатрешни органи
- Опрема за сечење и вадење на коски
- Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибувија
- Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање
- ЦИП опрема за чистење, опрема за преработка, мелачи на грозје, опрема за филтрирање (филтри), пумпи танкови за ферментација и стабилизација, опрема за дестилација, преса за добивање на шира, танкови за зреење, резервоари за складирање и буриња
- Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните
За подготовка на проектни апликации јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]
