Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа во посета на „Нелкоски Органик Фуд“: Современата преработка создава додадена вредност за земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа во посета на „Нелкоски Органик Фуд“: Современата преработка создава додадена вредност за земјоделството
Агровести

Хоџа во посета на „Нелкоски Органик Фуд“: Современата преработка создава додадена вредност за земјоделството

Објавено 31/07/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети компанијата „Нелкоски Органик Фуд“ (ZAUM Organic) во село Драслајца, Струга, каде што се запозна со процесот на преработка на лешник, современата опрема и технолошките решенија што компанијата ги применува во своето работење.

За време на посетата го разгледа целиот производствен процес – од селекција, сортирање, миење, печење и мелење, до пакување на финалниот производ, кој се реализира според највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност на храната.

Компанијата соработува со повеќе од 60 земјоделски производители од различни региони на државата, а околу 85% од своето производство го пласира на странските пазари. Преку соработка со партнери од Европската Унија, Швајцарија и други меѓународни организации, „Нелкоски Органик Фуд“ претставува успешен пример за поврзување на домашното производство со странските пазари.

Хоџа истакна дека развојот на преработувачките капацитети има особено значење за зголемување на конкурентноста на земјоделството, создавање додадена вредност и обезбедување посигурен пласман за земјоделските производители.

Тој нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да ги поддржува инвестициите кои придонесуваат за модернизација на секторот, зголемување на производството и развој на конкурентно земјоделство со поголем извозен потенцијал.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи – запленети 64 илјади евра
Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите
РСБСП со апел за безбедно возење по повод 2. Август – Ден на Републиката
Без вода дел од општина Центар, а без струја делови од Карпош и Центар
Постапка при поднесување на Барање за директни плаќања
Таг:земјоделствотоНелкоски Органик ФудпреработкаХоџа
Претходен напис РСБСП со апел за безбедно возење по повод 2. Август – Ден на Републиката
Следен напис Малиџано
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?