Јапонската влада планира на трговците да им понуди 210.000 тони ориз од своите резерви за да го стабилизира пазарот поради зголемувањето на цените, соопшти министерот за земјоделство Таку Ето.
Оризот ќе им биде понуден на трговците на аукција во средината на март, а се очекува да биде достапен во продавниците меѓу крајот на март и почетокот на април.
Ето истакна дека поскапувањата на оризот се невообичаени и изрази надеж дека првата количина на оризот од државните резерви ќе придонесе за стабилизација на пазарот.
МИА