Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја објави ранг листата на барателите од Јавниот повик бр. 01/2025 за Мерка 1.

Напомена:
Рангирањето на барателите прикажано во ранг листата не претставува одлука за одобрување на барањето за финансиска поддршка, ниту гаранција дека со барателот ќе биде склучен договор за финансиска поддршка.
Конечното одобрување на финансиската поддршка и склучувањето на договорите ќе се врши по спроведување на сите пропишани постапки и проверки и по утврдување дека барателите ги исполнуваат сите услови утврдени со ИПАРД Програмата 2021–2027, Јавниот повик бр. 01/2025 за Мерка 1 и применливите правила и прописи.
Самото вклучување на барателот на ранг листата, без оглед на неговиот ранг, не создава право на склучување договор или право на исплата на финансиска поддршка.
Склучувањето на договорите ќе се врши во рамките на расположливите средства за Јавниот повик бр. 01/2025, согласно утврдениот редослед на рангирање и по исполнување на сите услови предвидени за одобрување на финансиската поддршка.
Во случај расположливите средства да не овозможуваат склучување договори со сите рангирани баратели, барателите за кои нема да бидат обезбедени средства согласно расположливиот буџет немаат гарантирано право на склучување договор само врз основа на нивното место на ранг листата.
Извор – АФПЗРР
