Проблемот со пласманот на македонските земјоделски производи е повеќе години и тоа е причината поради која најчесто земјоделците се разочаруваат или се откажуваат од земјоделско производство. Покрај неконкурентноста на производите, поради високите производни цени, високите критериуми кои ги бара пробирливиот европски пазар, проблем во пласманот се и малите количини од одреден производ и неможноста да се задоволат потребите на клиентот.
Токму затоа, размислувањето за едно регионално делување на агробизнисот, како и овозможувањето на заеднички пазар на земјите од регионот, може во голема мера да помогне во делот на пласманот, на земјоделските производи.
Ова беше основната идеја која не мотивираше како Агротим.мк да воспоставиме соработка со платформата Инфо Тим Логистика од Србија која функционира повеќе од 10 години и е од голема поддршка на српскиот агросектор.
Во продолжение разговараме со директорката на Инфо Тим Логистика, Аракси Микаелијан, за почетоците, за актуелната состојба и плановите на локално и регионално ниво.
Агротим: Што претставува Инфо Тим Логистика? За кого е наменета платформата?
Инфо Тим представува систем на информации кои ви овозможуваат на брз и лесен начин да дојдете до информацијата за цената на вашите производи поврзани со земјоделството и прехрамбената индустрија. Со наша помош можете да ја огласите купопродажбата на некој производ. Во разумен временски период можете да ги следите цените на производите и да ја користите нашата база на податоци која постои од 2009 година. Исто така можете да следите по кои цени се склучуваат договори на најголемаите светски берзи и да бидете во тек со идните случувања и на пазарот во Србија.
Инфо Тим ја следи и работата на Министерството за земјоделство, Секретаријатот за земјоделство АП Војводина, и Управата за земјоделски плаќања , така да секогаш ве информираме за новите регулативи, закони, прописи и субвенции. Треба да се потенцира дека тесно соработуваме со Земјоделската Комора на Војводина и Здружениот сојуз на Војводина , со кои веќе долги години имаме одлична соработка, организатори сме на многу собири кои се во нивна организација. Ние ви стоиме на располагање без разлика на тоа коку вашето производство е специфично со цел заедно да дојдеме до најдоброто решение за вашиот бизнис. Инфо тим платформата е наменета за сите кои се занимаваат со примарно земјоделско производство и со преработувачка индустрија, tаа ви овозможува да ги следите цените на пазарот во секој момент на било кое место. Со еден клик , со помош на платформата можете да купувате , да продавате или да дојдете до важни информации во секој момент и на било кое место.
Платформата служи за да можеме на клиентите да им овозможиме лесен пристап до нивните информации во разумно време за домашните и странските земјоделски пазари, вклучувајќи ги цените на житариците, добиточната храна, репроматеријалите за земјоделството и сл.
Со тоа што е лесна за користење и секогаш достапна , Инфо Тим платформата Ви овозможува да бидете експедитивни и навремено да реагирате имајќи ги на увид моменталните цени.
Агротим: Од каде идејата за овој бизнис?
Во текот на својот професионален ангажман увидов дека во земјоделството постои потеба за информирање, едукација која на земјоделците ќе им помогне да бидат токму она кон кое сите тежнееме, лидери во својата работа.
Бев на изворот на податоците, запознав многу луѓе од аграрот и така 2009 година се роди првата идеја, да тие податоци ги обработам, анализирам и како информации да ги проследам до луѓето од аграрот кои ќе знаат како тоа да го искористат. Иако се започна како мал проект, информациите брзо се ширеа и обемот на работата се зголемуваше. Ми беше потребна помош, го собрав својот мал тим луѓе кои ги обучив да од податоци создаваат информации. Така се роди Инфо Тим, систем на земјоделски информации кој веќе 10 години успешно се занимава со информирање на аграрот во Србија. Намерно ова го кажувам бидејќи корисници на нашите податоци се, почнувајќи од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Секретаријатот АП Војводина , локалната самоуправа , па преку земјоделските задруги и предпријатија кои се занимаваат со земјоделство и прехрамбена дејност, до земјоделците ,сточарите, овоштарите, пекарите, месарите и останати.
Агротим: Каков е интересот на земјоделците и агробизнисмените, дали се менуваат навиките, дали се прифаќаат новите текови и технологии?
Пред 10 години протокот на информации беше доста побавен од колку денес , па Инфо Тим Логистика им беше прозорец во светот на информациите за цените во земјоделството како и можност за подобро тргување. Тоа им беше вистинско откритие.
Сега после 10 години , иако информациите не можат да бидат скриени благодарејќи на современата технологија, услугите од ITL се користат како стандарден алат кој ја олеснува логистикат во земјоделството (трговијата, транспортот, планирањето, информирањето…) Навиките се променети , Android и IOS апликациите се дел од секојдневието на секој агробизнисмен кој ги користи нашите услуги.
Агротим: Како може да се соработува со другите земји од регионот?
Соработуваме со фирми од опкружувањето како Хрватска, БиХ, Црна Гора , Македонија. Тој број на фирми може да биде поголем но поради обврските на домашниот пазар не можеме да ги реализираме сите идеи кои ги имам за соседството во смисла проширување на услугите, но се надеваме дека таа соработка ќе се прошири во најскоро време.
Догорочно, гледам можност за поврзување преку ваква платформа , каде во разумно време би се разменувале информации за понудата, побарувачката, цените што во голема мера ќе ја олесни работата на фирмите.
Македонија има сериозна трговска врска со Србија посебно кога се во прашање земјоделските и прехрамбените производи така да соработката со Агротим.мк ја гледам како можност за двата пазари така што ќе се вклучат и помали фирми и земјоделски производители и на тој начин ќе го унапредат своето работење и ќе ја сочуваат конкурентноста.
Од стратешка гледна точка на сите нас овој регион ни е исклучително важен. Тоа е единствениот сериозен пазар кој допрва треба да се развива. Затоа сме присутни. Земјите во регионот имаат огромен потенцијал, тоа е евидентно. Тој пазар станува се поинтересен и нашата работа е да учествуваме во развојот и просперитетот на овој исклучително важен регион поради унапредување на аграрот.
Преку платформата Агротим.мк, можете да се регистрирате на Инфо Тим Логистика
Напишете коментар