Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на изборот Мажи на годината за 2023
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на изборот Мажи на годината за 2023
Магазин

Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на изборот Мажи на годината за 2023

Објавено 21/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски, ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.

На крајот на секоја година наградите се доделуваат на свечена церемонија во гламурозна атмосфера во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје во присуство на голем број претставници на бизнис секторот, дипломатскиот кор и јавниот живот, кои се собираат за да ги прослават достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на истакнати професионалци.

Годинава меѓу добитниците е и Христо Кондовски, претставник на младата авангардна бизнис генерација. Неговото име, заедно со името на неговиот бизнис партнер Зоран Пејчиновски, е синоним за успесите на најголемиот осигурителен Брокер во државата, СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Компанијата е дел од пошироката СН Групација во чиј состав успешно функционираат и СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и  Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

Едно навистина големо корпоративно семејство во постојан развој како резултат на големата визија и исклучителните менаџерски способности на големиот осигурителен професионалец Христо Кондовски, препознат како бизнис икона во Битола.

Неговите деловни квалификации се и меѓународно препознати па во 2019 година се вбројува во добитниците на меѓународната награда Business elite’s 40 under 40 за Југоисточна Европа. 

Годинава, како награда за исклучителните деловни резултати, доделена му е наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.

“Оваа награда многу ми значи и ја посветувам на моето свето тројство, а тоа е Бог, моето семејство и моите колеги. Но, сакам да ја потенцирам и мојата филозофија за секое признание кое го добивам. Секое признание кое го добиваме е за она што е направено до денес и создава одговорност за она што треба да се прави од утре. Тоа е обврска да продолжиме со нашиот придонес за подобро општество.“-рече Кондовски, заблагодарувајќи се за наградата.

Инаку, покрај деловниот ангажман Кондовски е и посветен сопруг и татко на три деца. Како член на Ротари, но и преку стратегијата за општествена одговорност на СН Групацијата, во континуитет дава придонес и во заедницата поддржувајќи проекти од областа на образованието, здравството, културата и спортот.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Мажи на годинатаМенаџер на годината до 40 годиниХристо Кондовски
Претходен напис Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, едно лице лишено од слобода
Следен напис Николовски и Спасовски: Ја продолжуваме успешната соработка помеѓу Шумската полиција и единиците на МВР, во заедничката борба против нелегалната сеча на шумите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?