Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ѓубрење на житарки – Зошто е важен калиумот?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ѓубрење на житарки – Зошто е важен калиумот?
АгровестиРастително производство

Ѓубрење на житарки – Зошто е важен калиумот?

Објавено 01/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Правилното ѓубрење кај житарките е неопходен фактор кој доведува до квалитетни приноси.
Покрај азотот, исто така и фосфорот, калиумот, магнезиумот и сулфурот заедно со
микроелементите имаат решавачка улога за приносот и квалитетот на крајниот производ. За да
биде ѓубрењето изведено квалитетно и соодветно треба да се прави разлика помеѓу внес на
хранливи материи и потребата на растението за исхрана. Под потреби за исхрана се подразбира
количината на хранливи материи кои им се потребни на растенијата и кои тие ги апсорбираат за
постигнување оптимални приноси и совршен квалитет.

Калиумот е неопходен за високи приноси и квалитет. Тој има важна улога во главните
метаболитички процеси на растението.
 Ѓубрењето со калиум е гаранција за високи приноси.
 Ја регулира водата во растението,ја зголемува отпорноста кон суша
 Ја зголемува отпорноста кон мраз
 Влијае врз зацврстување на клеточните ѕидови, а со тоа ја намалува подложноста на
полегнување
 Ги подобрува квалитативните карактеристики, доведува до поквалитетни приноси

Присуството на калиум во почвата треба да биде умерено застапено
Ако не се ѓубри со калиум доаѓа до намалување на приносите и тоа до 4% кај почви со умерено
присуство на калиум, до 13% кај почви со ниско присуство на калиум и до 23% кај почви со многу
ниско присуство. Калиумот влијае и врз ТИЗ (тежината на илјада зрна) која може да достигне
оптимални вредности и тоа како резултат на подобрено создавање асимилати во лисјата, нивниот
забрзан пренос во зрната, како и на урамнотежената состојба на водата. Од разни испитувања
утврдено е дека просечното зголемување на ТИЗ изнесува 2,5 гр во случај на оптимално ѓубрење
со калиум во споредба со намалено ѓубрење со калиум.
Калиумот влијае и врз зголемување на процентот на зрна чија големина надминува 2,5 мм.
Најголема придобивка од ова има кога се однесува на пивскиот јачмен и на семенскиот материјал. Калиумот е значаен и од аспект што тој активира многу ензими кои учествуваат во
фотосинтезата и создавањето на белковини во зрното. Добрата снабденост со калиум доведува и
до максимално искористување на азотот во растението. Тоа доведува до зголемување на
содржината на белковини, на индексот на седиментација, како и на количините на глутен.

Здравите растенија се отпорни на стрес.

Јакнењето на клетките на растенијата во земјоделството
има низа предности:
 Зголемена отпорност кон габични заболувања
 Растенијата се помалку склони на полегнување поради подобрата стабилност на стеблото.
Ова е посебно важно во органското производство, затоа што се избегнува користење на
производи за јакнење на стеблото.
 Ѓубрењето со калиум ја зголемува отпорноста на стрес предизвикан од суша, мрзнење,
жештина, дамкосување на лисјата од непаразитска природа (црни дамки, изгореници)
 Во случај кога не се внесува доволно калиум осетливоста на штетни влијанија од околината
се зголемува, а растенијата може да добијат црно-кафеави дамки.

Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, АПРЗ РЕ Струга

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:житаркикалиум
Претходен напис Цветни балкони – цветен Охрид – Општина Охрид ќе подели 400 жардиниери со саксиско цвеќе
Следен напис Николовски на „GROW UP“ – регионална конференција за агробизнис“: Сите заедно треба да гледаме на земјоделското производство како заедничка шанса за влез на пазарот на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?