Стадо од 18 слонови е пронајдено мртво во местото Нагаон, на североисток од индиската држава Асам, а официјалните лица рекле дека слоновите настрадале при удар на гром во заштитениот резерват Кандоли.
Селаните ги известиле надлежните дека во шумата пронашле трупови од животни, јави Би-Би-Си.
Главниот министер на државата Асам Хиаманта Сарма рекол дека е загрижен поради угинувањето на толку голем број слонови и наложил истрага.
Ова е првпат во Асам да погинат толку многу слонови во исто време.
