Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Екстремни суши во Калифорнија – Лососите со камиони ги пренесуваат до океанот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Екстремни суши во Калифорнија – Лососите со камиони ги пренесуваат до океанот
Агровести

Екстремни суши во Калифорнија – Лососите со камиони ги пренесуваат до океанот

Објавено 14/05/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во време на типична пролет, младите лососи од мрестилиштето Нимбус источно од Сакраменто би се пуштале во реката, а потоа сами би допливувале во Тихиот Океан.

Но реките во Калифорнија и западниот брег на САД оваа година се погодени од екстремни суши и станале претопли за преживување на младите лососи.

Затоа работниците во рибниците оваа недела младите лососи ги натовариле во камиони со вода и ги пренеле во заливот на Сан Франциско за таму да ги пуштат во постуденото море, пренесува Ројтерс.

Малите количини на дожд и снег придонеле за помали нивоа на вода и повисоки температури на реките и резервоарите на тоа подрачје, рекол Џејсон Џулиен, кој управува со неколку државни рибници во речниот систем Сакраменто.

„Кога доаѓа до ваква ситуација, знаеме дека мораме да влеземе во поголема брзина и да направиме сè што можеме“, рекол Хери Морс, портпарол на калифорнискиот оддел за риби и диви животни.

„Оваа година државата планира со камион да пренесе 17 милиони лососи од различни рибници во заливското подрачје на Сан Франциско, што е итна процедура, која последен пат е спроведена за време на последната голема суша во 2014 година“, додал тој.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лососНационален парк во Калифорнија
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Гром уби стадо од 18 индиски слонови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?