Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грција од 1 јули ја имплементира европската одлука и воведува три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грција од 1 јули ја имплементира европската одлука и воведува три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји
Агровести

Грција од 1 јули ја имплементира европската одлука и воведува три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји

Објавено 26/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако една нарачка содржи книга, тефтер и пенкало, станува збор за три различни видови производи и во овој случај се наплатува царина од девет евра (по три евра за секој вид производ), на која се додава соодветното ДДВ и евентуални други давачки, објаснија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во однос на новата посебна увозна царина од три евра за секој различен производ што од 1 јули ќе се воведе за онлајн-купувања до 150 евра од електронски продавници од земји вон ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку циркулар, управителот на ААДЕ, Јоргос Пицилис ги појасни новите правила за воведување увозен царински надомест од три евра што стапува во сила на 1 јули 2026 година, во сите земји-членки на Европската Унија, вклучително и Грција, а се однесува исклучиво на онлајн-купувања што потрошувачите ги вршат преку платформи за електронска трговија. 

– Новиот надомест е привремена мерка и ќе важи до 30 јуни 2028 година. Од 1 јули 2028 ќе се применува редовниот царински режим и увозната царина ќе се пресметува врз основа на царинската категорија на секој производ, без оглед на неговата вредност или начинот на купување и испорака, информираа од ААДЕ

Нагласија дека новата царина од три евра се воведува на секој различен вид производ, а не за секој пакет, додека пак ако нарачката има два идентични производи, тогаш надоместот ќе се плати само еднаш.

Од Независната управа за јавни приходи на Грција истакнаа дека новите правила не влијаат врз процедурите за купување и испорака на стоки што се одвиваат во внатрешноста на Грција или меѓу земјите-членки на Европската Унија.

МИА

Може да ви се допадне

Без вода дел од општина Карпош, а без струја корисниците на бул. „Борис Трајковски“ во Кисела Вода
Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
Забрана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија
Истрага во Тутунскиот комбинат Прилеп: Сомнежи за фалсификувани фактури
Мицкоски: Капиталните инвестиции со ребалансот се зголемени од 39 на 47 милијарди денари
Таг:1 јулигрцијаевропската одлукацарина
Претходен напис Без вода дел од општина Карпош, а без струја корисниците на бул. „Борис Трајковски“ во Кисела Вода
Следен напис Трилече – мек и сочен десерт со карамел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?