Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трилече – мек и сочен десерт со карамел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Трилече – мек и сочен десерт со карамел
Магазин

Трилече – мек и сочен десерт со карамел

Објавено 26/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доколку сте љубители на кремасти и сочни десерти, трилече е вистинскиот избор. Овој популарен колач се подготвува од мек пандишпан кој се натопува со мешавина од три вида млеко, а на крајот се премачкува со богат карамел крем. 

Потребни состојки за пандишпанот:

  • 6 јајца
  • 100 грама шеќер
  • 200 грама брашно
  • ½ прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер

За преливот:

  • 400 мл слатка павлака
  • 300 мл кондензирано млеко
  • 800 мл полномасно млеко


За премачкување:

  • 300 грама карамел крем


Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане цврста и сјајна, додавајте ги жолчките една по една, матејќи кратко по секое додавање. На крај, внимателно вмешајте го брашното измешано со прашокот за печиво, користејќи најмала брзина на миксерот или шпатула за да остане смесата воздушеста. Истурете ја смесата во правоаголен плех (20 × 30 см) обложен со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20–25 минути, додека пандишпанот не добие златножолта боја. Оставете го пандишпанот кратко да се излади, потоа извадете го од плехот и со вилушка или дрвен стапче направете повеќе отвори по целата површина. Во плехот најпрво истурете ја слатката павлака, а врз неа ставете го пандишпанот превртен наопаку.

Оставете да отстои околу 10 минути. Во меѓувреме измешајте ги кондензираното и обичното млеко, па рамномерно прелијте го пандишпанот. Почекајте неколку минути целосно да ја впие течноста.

На крај премачкајте го колачот со карамел крем и оставете го добро да се излади во фрижидер пред сервирање.

МИА

Може да ви се допадне

Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција
Џем од праски
Летна салата со тестенини
Украсни растенија како природни средства против комарци
Ледена лимонада со јагоди
Таг:карамелсочен десертТрилече
Претходен напис Грција од 1 јули ја имплементира европската одлука и воведува три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?