Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гоце Саздов од Сирково: Производството на расад пипер може да биде добар бизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Гоце Саздов од Сирково: Производството на расад пипер може да биде добар бизнис
Предлог бизнис

Гоце Саздов од Сирково: Производството на расад пипер може да биде добар бизнис

Последна измена: 29/05/2021 16:04
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Сезона е на расадување на пиперот на отворено. Освен добрата подготовка на почвата, за сигурен и висок принос, најважен е квалитетот на расадот. Правилното извршување на сите агротехнички мерки и временските прилики секако се дел од една успешна реколта, што зборува за деликатноста на земјоделското производство.

Овој пат, темата ни е како до квалитетен расад на пипер, преку искуството на земјоделецот Гоце Саздов од село Сирково. Долгогодишен производител, некогаш на големи површини пиперки, а сега само на квалитетен расад како договорно производство, односно по нарачка.

-Порано во Сирково, односно во овој крај се одгледуваше многу пипер од сортата „куртовска капија“, а со тоа и се произведуваше многу повеќе расад. Но последните години како посигурно, односно како еднократна инвестиција им беа праските и така земјоделците ги зафатија поголемите површини со насади со праски. Сега произведувам расад само по нарачка, веќе договорено со земјоделци кои ќе садат. Со сопругата ова го работиме 20 години и познати сме по одличен квалитет на расадот – вели за Агротим, Саздов.

За расадот користат сопствено семе кое секоја година го добиваат од земјоделците кои ги одгледуваат пиперките. Може да се случи самите земјоделци да им дадат нивно семе и тие само како услуга само да го одгледаат расадот.

-Со работа почнуваме околу 18-23 март, со подготовка на леите, па сеење на семето, прихрана, заштита, наводнување…сите потребни агротехнички мерки, за после 20 мај до почеток на јуни да биде готов расадот и да се расади на нивите. Цената е 400 денари од метар квадратен во кој има 500 до 600 парчиња. Ваков начин на продажба ни одговара и нас и на земјоделците, наместо на парче – изјави Саздов.

На прашањето дали доколку има интерес би го зголемиле производството на расад, Саздов вели дека има можности и капацитети но потребен е интерес за договорното производство.

-Годинава објавив фотографии на Фејсбук бидејќи двајца од тие што ми нарачаа расад од оправдани причини не можеа да го купат. Ме изненади големиот интерес на производители од други региони кои веќе го купија расадот што ми беше вишок. Да кажам и тоа дека веќе ми најавија ако бидат задоволни од квалитетот оваа година, ќе нарачаат повеќе за следната. Ете можност за проширување на бизнисот – заклучува овој вреден земјоделец.

И повторно доаѓаме до потребата од организирано производство, од Договорно производство во повеќе земјоделски гранки, како најсигурно и за производителот и за купувачот.

После објавата на репортажата за Гоце Саздов и неговото производство на квалитетен расад на нашата платформа Агротим, сигурни сме дека ќе има повеќе нарачки за другата година и ќе го прошири бизнисот. Тоа е наша цел, да им помогнеме на вистинксите земјоделци и да го развиваме Договорното производство.

,

Може да ви се допадне

Го замени жешкиот асфалт со мотика: Бане Томашевиќ одгледува живина на село
Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Дејан ги наплаќа садниците 10 евра: Без неговиот производ нема ни Дубаи чоколадо
(ВИДЕО) Кога го евакуираа селото, не ги заборавија кравите: Овие импозантни снимки привлекоа големо внимание
Млад брачен пар започнал бизнис: Прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:Гоце Саздовсело
Претходен напис Veritas и Vranec Classic на Стоби со високи оценки од Wines & Spirits
Следен напис Љупчо Николовски: 100 милиони евра за модерен ски -центар на „Царев Врв“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?