Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Глината како основа за премази на овошките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Глината како основа за премази на овошките
Совети

Глината како основа за премази на овошките

Последна измена: 08/02/2023 13:08
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Овоштарите секогаш бараат квалитетен овошен восок. Добар дел од нив се откажале од купувањето и сами подготвуваат премази за раните на стеблата кои настануваат по кроењето или се резултат на оштетувања.

Премазите на база на глина се лесни за подготовка, евтини и со додатоци можат да имаат различни заштитни ефекти. Глината содржи оксиди на силициум и алуминиум, но и многу елементи во трагови. Постои зелена, сива, бела, жолта, црвена, сина и црна и секоја од нив има карактеристични својства. Најчесто среќаваме зелена глина која содржи многу железо, манган, бакар, калиум, магнезиум и други елементи. Одлична е за лекување на болести на кората и раните кои треба претходно темелно да се исчистат. Белата глина е слабо растворлива во вода и е добра за обложување на рани. Жолтата содржи многу сулфур. Освен за прихрана, сината глина се користи и за заштита на растенијата бидејќи содржи минерални соли.

Германски премаз

Ова старо средство е ефикасно и сè уште се користи. Се подготвува од глина, дивизма и слама во сооднос 2:1:1 и вода која се додава по потреба. Сламата е претходно иситнета. Сè добро се меша, постепено се додава вода за да се добие густа паста.

Биодинамичен премаз за винова лоза

Овој премаз настанал и првенствено е наменет за третирање на рани настанати при резидба на винова лоза. Се базира на рецептот на Монти Валдин и Винсент Мејсон.

За да го користите, ќе ви треба кофа во која ќе додадете 1/3 канта свежо кравјо ѓубриво, 1/3 кофа со глина во прав, три литри чај од коњско опавче и пет милилитри есенцијално масло од чајно дрво. Добиената количина ќе биде доволна за еден хектар лозови насади. Растението коњско опавче и чајното дрво имаат антибактериски и антигабични својства, а глината има функција на лепак. Чајот од коњско опавче треба да се направи ден претходно и да се остави да се излади.

Ѓубривото и глината добро се мешаат. Без оглед на количината што ја правите, нивниот сооднос треба да биде 1: 1. Се додава чајот и капки есенцијално масло.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Како да одгледувате зеленчук на балкон
Еве кога се откинуваат првите лисја кај доматите
Како да ги одржувате розите здрави?
Таг:глина
Претходен напис (Фото) Во ова земјоделско село живеат само жени, кои во работните денови работат на нивите, а за викенд уживаат
Следен напис Зимска еко-акција за уредување на просторот долж регионалниот пат Македонска Каменица – Делчево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?