Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Во ова земјоделско село живеат само жени, кои во работните денови работат на нивите, а за викенд уживаат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Во ова земјоделско село живеат само жени, кои во работните денови работат на нивите, а за викенд уживаат
Магазин

(Фото) Во ова земјоделско село живеат само жени, кои во работните денови работат на нивите, а за викенд уживаат

Објавено 08/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова мало бразилско село е создадено од жена, само за жени, има свои правила и свој систем на организација на работата и животот.

Ноива до Кордеиро е основано во 1891 година од страна на Марија Сенхориња де Лима, која била протерана од нејзиното село поради прељуба. Денес има само 600 жители, главно жени и само неколку мажи. Тие си го уредиле животот онака како што сакаат и се чувствуваат удобно во своето женско царство. Веруваат дека успеале да организираат многу подобар живот од мажите.

На ова единствено место нема конкуренција, напротив, сите се чувствуваат како едно семејство. Си помагаат и споделуваат сѐ што имаат.

Некои од жените имаат сопрузи и деца, но мажите можат да ги посетат своите сопруги во Ноива до Кордеир само за време на викендите, исто како и синовите кои наполниле 18 години, пренесува Аfrinik.com.

Во работните денови, сите девојки обработуваат земјоделско земјиште, готват, организираат импровизирани салони за убавина и модни ревии една за друга, за празници и саеми.

Само еднаш ова женско село потпаднало под машка диктатура. Во 1940 година, евангелскиот свештеник Анисио Переира се оженил со една девојка на Ноива до Кордеира. Основал црква во градот и веднаш почнал да наметнува строги правила за жените. Повеќе од 50 години, на жените им било забрането да слушаат музика, да се шишаат, да пијат алкохол, па дури и да користат контрацептивни средства.

По смртта на Аниси Переира, жените цврсто одлучиле никогаш повеќе да не дозволат ниту еден маж да управува со градот.

Ова необично село има свои страници на социјалните мрежи каде одвреме-навреме се појавуваат огласи за барање мажи. На друг начин девојките едноставно не можат да создадат нормално семејство. Сите претставници на посилниот пол со кои комуницираат се нивни роднини.

Очекувано, ги интересираат само ергени кои се подготвени да ги прифатат нивните женски правила и да се прилагодат на новиот начин на живот, а многу мажи се одзиваат на поканата да го посетат единствениот град во светот каде што има место само за жени.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:noiva do cordeiroжениноива до кордеиросело
Претходен напис Николовски: Обезбедуваме 600.000 денари поддршка за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг, а за малите дестилерии до 300.000 денари по корисник
Следен напис Глината како основа за премази на овошките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?