Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Газпром“: „Северен тек 2“ ќе биде завршен до крајот на годината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Газпром“: „Северен тек 2“ ќе биде завршен до крајот на годината
Агровести

„Газпром“: „Северен тек 2“ ќе биде завршен до крајот на годината

Објавено 26/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
facebook
Сподели
Ad imageAd image

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ ќе заврши годинава, изјави денеска извршниот директор на „Газпром“, Виктор Зубков.

-Активно се работи, и остана уште многу малку. Се разбира, оваа година дефинитивно ќе биде готов. Штета за изгубеното време, но тоа се случи, рече Зубков, пренесуваат руските медиуми.

Според него, работата на изградбата на гасоводот е завршена меѓу 90 и 92 проценти.

Коментирајќи ги извештаите во германскиот печат дека Берлин во преговорите со Вашингтон наводно го покренал прашањето за зајакнување на украинскиот енергетски сектор, Зубков се спротивстави на можната ревизија на договорот за транзит на руски гас по украинската рута кон Европа.

-Сите договори склучени со Украина се во сила, рече тој. „Важно е да се заврши „Северен тек 2“ и во меѓувреме да се продолжи со снабдување на количествата предвидени во договорите, снабдувајќи ја Европа преку Украина“, додаде тој.

Проектот „Северен тек 2“ вклучува изградба на две гасоводни линии со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри природен гас годишно од брегот на Русија, по дното на Балтичко Море до Германија. Работата беше прекината во декември 2019 година откако швајцарскиот „Алсис“ го напушти поставувањето на цевките во морето поради можни санкции на САД. Но, во декември 2020 година, изградбата продолжи. Во моментов гасоводот се поставува во територијалните води на Данска.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:газпром
Претходен напис Заев: Делчево со новиот капитален проект, во износ од 33,4 милиони денари дава стимул за локалниот економски развој
Следен напис Болести и штетници кај лешник – трулеж на плодот, пепелница, бактериска пламеница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?