Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Делчево со новиот капитален проект, во износ од 33,4 милиони денари дава стимул за локалниот економски развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Делчево со новиот капитален проект, во износ од 33,4 милиони денари дава стимул за локалниот економски развој
Агровести

Заев: Делчево со новиот капитален проект, во износ од 33,4 милиони денари дава стимул за локалниот економски развој

Објавено 26/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Современиот градски пазар преку почитување на сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната, ќе биде уште едно место двигател на локалната економија тука во Општина Делчево, заедно со текстилните претпријатија за производство на кошули, ХТЗ- опрема, претпријатија од дрвната индустрија, како и земјоделските дејности во кои се вклучени најголем број од населението“, изјави претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев кој заедно со градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, заменикот-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски го означија почетокот на изградба на современиот градски пазар.

Премиерот Заев истакна дека целта на овој капитален проект за Делчево во износ од 33,4 милиони денари е создавање  модерни услови како за продавачите, така и за купувачите.

„Дополнително овој дел на градот добива современ урбан изглед со можност да се создадат атрактивни локации за идни нови градби. Развиени општини значат силна економија. Во таа насока Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Ја зајакнуваме децентрализацијата и овозможуваме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво. За таа цел започнавме реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку реализирање на 3 главни столба и тоа раст на приходите на општините, отплата на долговите, како и домаќинско, транспарентно и отчетно работење.   Владата продолжува да поддржува трајни добра како изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа,  канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи,  за подобрување на животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој“, изјави Заев и рече дека Владата со буџетски средства и со поддршка на меѓународните финансиски институции спроведува проекти конкретно насочени кон развој на општините за зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво.

Градоначалникот Трајковски истакна дека градскиот пазар во Делчево е неопходна потреба и проект кој има регионално значење за Општина која е на крајниот исток од државата, каде доаѓаат посетители од соседна Бугарија, но и како транзитно место, често посетувано од граѓани од цела држава и пошироко.

„Целта е да добиеме современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг простор. Градскиот пазар е со површина на  градежна парцела 11.599 м2 и површина за градење  6.944 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи но и други стоки“, рече Трајковски и додаде дека изминатиов период во Делчево се града улици онаму каде што канализации, се работи да се подобриме квалитетот на водата за пиење и да се обезбеди чиста вода за Делчево.

Дополнително како што подвлече Трајковски, реализирани се и ветените капитални проекти: улици во населбата Басарица, пешачки мост на р. Брегалница, градска капела, а за една година ќе биде реализиран и долгогодишниот сон на секој делчевец, изградба на современ градски пазар кој ќе овозможи да се создадат современи услови во трговијата и можности за развој на овој дел од градот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Градски пазарделчевозоран заев
Претходен напис Висина на субвенциите за 2021 година за производство на домашен лозов и овошен саден материјал
Следен напис „Газпром“: „Северен тек 2“ ќе биде завршен до крајот на годината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?