Денес заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и директорката на Источно планскиот регион, Зујица Ангелова свечено го означивме завршувањето на проектот за иградба на Музеј за ретки минерали, единствен во нашата држава.
Општина Пробиштип, која е препознатлива по рударството сега добива уникатен Музеј во кој ќе биде изложена импозантна збирка со над 250 минерали како од регионот, така и од цел свет, со што овозможуваваме развој на туризмот, но и бенефит од едукативен аспект во нашиот регион.
Она што следува е предавање на објектот под управување на Домот на култура „Злетовски рудар“, којшто во соработката со Министерство за култура ќе ги спроведе следните чекори за начинот на работа и непречено функционирање на Музејот.
Фејсбук-статус на Драган Анастасов Ладич – Градоначалник на општина Пробиштип