По повод 7 септември, денот на ослободувањето на Кавадарци, Вински Музеј – Кавадарци во соработка со ДЛУК – Кавадарци, организира ликовен перформанс – „Тиквешко Сонце“ – Целодневен настан на кој 10 уметници од Кавадарци изработуваат слики на тема лозарство и винарство.

Во склоп на манифестацијата се одржа и презентација на вина од Тиквешкиот Регион.








