Холандскиот министер за земјоделство Хенк Стагувер неочекувано поднел оставка бидејќи не можел да ја реши ситуацијата што настанала по протестите на земјоделците летово поради прописите за намалување на нивното производство со цел да се намали емисијата на штетни гасови.
Стагхувер во понеделникот поднесел оставка, а министер за земјоделство бил само девет месеци. Минатата недела тој го информирал кабинетот дека до крајниот рок, средината на септември, нема да може да презентира план за преодно решение за намалување на земјоделското производство и емисијата на штетните гасови.
„Минатата недела дојдов до заклучок дека јас не сум вистинскиот човек за таа работа“, изјавил Стагхувер на кратката прес-конференција.
Во Холандија, земјоделството е во криза од 2019 година, кога судот и наложи на владата да ја намали емисијата на азотни оксиди и амонијак од сточарството. Илјадници земјоделци протестираа поради тоа блокирајќи ги градовите со трактори.
