Поради катастрофата што ја погоди Крапинско-загорската жупанија во Хрватска, Владата ќе обезбеди итна помош за санирање на штетите, објави на Твитер портпаролот Марко Милиќ, пренесува Агроклуб.

Страшното невреме проследено со силен град, кое во вечерните часови го зафати Хрватско Загорје, односно подрачјето на градовите Орославје и Клањец и општините Кумровец и Загорска Села, предизвика 100% штета на посевите и лозовите насади.
Колкава е штетата што го погоди Загорје говори и тоа што пожарникарите не можеле да се пробијат до оштетените објекти, а улиците се чистеле со плугови.

„Никогаш во животот не сум доживеал вакво нешто. Сè уште имаме град на патот. На некои места и до 10 см. На некои места имаше наноси до 70 см град. Мислам дека земјоделството, лозјата, земјоделството, тоа можеме да го заборавиме и дека градот успеа да уништи се“, изјави градоначалникот на Кумровец Роберт Шплајт за Zagorje International.
„Насадите со пченка се целосно уништени, сè е бело како снег да паднал“, рече началничката на Загорски Села, Ксенија Кривец Јурак.
