Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трибина за лозари во Кавадарци, пратениците Колева и Минов информираа за системски решенија за решавање на проблемите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трибина за лозари во Кавадарци, пратениците Колева и Минов информираа за системски решенија за решавање на проблемите
Агровести

Трибина за лозари во Кавадарци, пратениците Колева и Минов информираа за системски решенија за решавање на проблемите

Објавено 03/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пратениците Даниела Колева и Панчо Минов синоќа на трибина на тема „лозарство“ во Кавадарци, ги информираа присутните производители на грозје за системските решенија за решавање на проблемите со кои се соочуваат лозарите.

Колева информира дека со Минов имаат чести средби со лозарите, со министерот и со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и со претставници на винариите, со цел изнаоѓање системски решенија за проблемите на лозарите.

– Доаѓаме од овој крај и знаеме со кои маки се соочува лозарството. Се надевам дека со сите наши предлози и законски измени, ќе можеме да ги решаваме проблемите. Последен закон што беше донесен во Собранието е законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од нас неколкумина пратеници. Законот што го донесовме е одличен, децидна беше таа, осврнувајќи се меѓу другото, на зелената нафта, триесет проценти авансната исплата на субвенциите и други одредби.

Колева потсети на актуелните мерки од изминативе години,  во интерес на лозарите. Говореше и за новиот закон за вино, кој е во фаза на изработка и е речиси готов  и се очекува да влезе во собраниска процедура, за одредување на производствената цена за килограм грозје.

-Разговаравме и ги образложивме новите предлог закони, како и воведувањето на производна цена на грозјето, во новиот закон за вино. Слушнавме голем број конструктивни предлози и ќе излеземе во пресрет за сите нивни барања, продолжуваме понатаму, секогаш транспарентни и достапни, рече Колева.

Вуко Мелов, советник во Советот на општината Кавадарци, рече дека има проблеми во лозарството, кои се влечат од минатото, но дека лозарите ја имаат поддршката од државата. Тој меѓу другото потсети и на субвенционирањето на лозарите минатите две години.

Пратеникот Минов се осврна на заложбата за скратување на рокот за исплата на откупените количини. Говореше и за нужната потреба од одредување на производствена и гарантирана цена за килограм винско грозје. Бидејќи, како што нагласи, лозаровинарството е од стратешко значење, многу голем број на домаќинства се занимаваат со оваа работа.

Присутните лозаропроизводители од Тиквешкиот регион се согласија дека долгогодишните проблеми треба да се надминуваат со системски решенија. Дел од лозарите се пожалија на зголемените трошоци за производство на грозје, долгогодишни манипулации со технолошката зрелост и шеќерните единици од страна на откупувачи, лоши договори за откуп од страна на винарии.

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Митко Керов рече дека за сите отворени прашања, им стојат на располагање на производителите, со цел решавање на евентуалните проблеми.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:кавадарцилозариТрибина
Претходен напис (ФОТО) Страотен град го опустоши Хрватско Загорје, посевите и лозовите насади целосно уништени – Владата вети итна помош
Следен напис Кривопаланечкиот симит влегува во Арката на вкусови која ја подготвува Slow Food Macedonia
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?