Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Планот за пролетната сеидба во Виничко исполнет со над 92 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Планот за пролетната сеидба во Виничко исполнет со над 92 отсто
Агровести

Планот за пролетната сеидба во Виничко исполнет со над 92 отсто

Објавено 03/06/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделските производители во општина Виница успешно го реализираа планот за пролетна сеидба за оваа година, исполнувајќи го со над 92 отсто. Наместо предвидените 711 хектари, засеани се житни, индустриски и фуражни култури на вкупна површина од 656 хектари.

Од житата најзастапени се пченката, оризот, јачменот и овесот кај кои нема намалување на површините, односно засеани се планираните 533 хектари. Потфрлање има единствено кај индустриските култури, односно кај афионот, кој е засеан на нешто помалку од половина од планираните површини.

-Еден од главните фактори што позитивно влијаеше врз навремената реализација, односно врз квалитетот и квантитетот на пролетната сеидба, се поволните временски услови. Дополнително, овластените добавувачи навреме обезбедија соодветен семенски материјал и вештачки ѓубрива, а немаше проблеми ниту со земјоделската механизација кај индивидуалните производители, се истакнува во информацијата од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Виница.

Планот за сеидба оваа пролет целосно е исполнет и за фуражните култури, кај кои луцерката е застапена на 14 хектари, а на останатите земјоделски површини со по два хектара се засеани со добиточен грашок и граор.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виничко
Претходен напис Попладне дожд, за викендот многу топло
Следен напис (ФОТО) Страотен град го опустоши Хрватско Загорје, посевите и лозовите насади целосно уништени – Владата вети итна помош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?