Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави јаен повик за инструментот Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. На јавниот повик може да аплицираат претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност.
Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци.
ВИСИНА НА ГРАНТ
Финансиската поддршка за поединечен проект изнесува до 320.000 евра односно 20 милиони денари. ФИТР кофинансира до 70% од вкупниот буџет за поединечен проект, и тоа:
- 70% од буџетот за компании со помалку од 50 вработени и годишен приход до 2 милиони евра во последните две години
- 60% од буџетот за компани со над 50 вработени и годишен приход од 2 до 10 милиони евра во последните две години
Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2021 и 2020 година.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
На јавниот повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните критериуми:
- трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РС Македонија;
- нема ограничување во поглед на староста на претпријатието;
- годишните приходи на компанијата да не надминуваат 10 милиони евра, а просечниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две години;
- компании кои се основани пред повеќе од 3 години да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за 2021 година;
- да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
- да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација против претпријатието кое аплицира, да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите е до 10.06.2023 година, до 14.00 часот.
За подготовка на апликации и повеќе информации може да не контактирате на телефонските броеви:
📞 071 285 385
📞 070 267 789
или на e-mail: [email protected]
ПРИФАТЛИВИ АКТИВНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
- истражување и развој;
- тестирање;
- активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост;
- дизајн;
- развој на пилот линии;
- активности поврзани со обезбедување квалитет;
- активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот)
ПОДОБНИ ТРОШОЦИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
- бруто плати за вработените лица кај апликантот и членовите на конзорциумот кои ќе бидат ангажирани на проектот
- набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
- поддоговорнии услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
- ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
- ангажирање на консултанти за останати потреби дирекно поврзани со очекуваните резултати на проектот (експертиза поврзана со иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
- подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн;
- трошоци за маркетинг;
- канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административна помош) во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Обврска за плаќање на ројалти
Секое плаќање на ројалти се врши по стапка од 5% од годишниот приход на корисникот остварен со продажба на производот / услугата кои се резултат на проектот, до остварување на поврат на 100% (сто проценти) од износот исплатен од страна на Фондот или за период од пет години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.
Во случај доколку за времетраењето на проектот, а сѐ до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститор кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти. Како доказ за направената инвестиција ќе се смета договор, тековна состојба и доказ за направена уплата на инвестицијата.