Метеоролошката служба Severe Weather Europe ги објави прогнозите за снежни врнежи за зимата 2022/2023 година.
Тие наведуваат дека влијанието на важниот двигател на климата Ла Нина ќе продолжи, но на крајот на зимата треба да заврши нејзиното тригодишно големо влијание и да започне неутрален временски период. Тоа директно ќе влијае на Северна Америка, додека во Европа ќе бидат присутни и други фактори.
Помали врнежи од снег се очекуваат за поголемиот дел од нашиот континент. Нормални и натпросечни температури може да се очекуваат во одредени области во Централна Европа.
Прогнозата за декември покажува посилни негативни аномалии. Системот со висок притисок ќе доведе до помали врнежи, додека зголемување се очекува во јануари.
Поголемиот дел од Европа ќе има потенка снежна покривка, додека одредени централни и западни области се уште очекуваат повеќе врнежи. Повеќе од нив се прогнозираат за централниот дел во февруари, а во последниот зимски месец март ќе има послаби врнежи од дожд и снег на останатиот дел од континентот. Повеќе го прогнозираат за север.
Над Гренланд и Исланд, полето со висок притисок ќе ги наруши тековите на западните струи. Полето со низок притисок ќе биде над Западна Европа и Азорските острови и ќе донесе просечни температури. Истовремено, голема е можноста за натпросечни температури во Централна Европа. Поголема количина на врнежи се предвидува за медитеранското подрачје.
