Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши годинашната берба и откупот на винско грозје во „Тиквеш“ – Од винарската визба велат дека е постигната највисока просечна цена по килограм досега
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Заврши годинашната берба и откупот на винско грозје во „Тиквеш“ – Од винарската визба велат дека е постигната највисока просечна цена по килограм досега
Пазари

Заврши годинашната берба и откупот на винско грозје во „Тиквеш“ – Од винарската визба велат дека е постигната највисока просечна цена по килограм досега

Објавено 04/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заврши годинашната берба и откупот на винско грозје во винарската визба „Тиквеш“. Оваа година „Тиквеш“, како што соопшти, откупи најголема количина грозје во однос на минатите години. Воедно, водејќи се од стратегијата за обезбедување висок квалитет, постигната е највисока просечна цена по килограм досега.

Визбата информира дека во рамки на годинашниот откуп, заклучно со 30 септември, прими рекордни 32 милиона килограми квалитетно грозје, што е близу една третина од целокупниот откуп во државата. При тоа, постигната е просечна откупна цена од над 15 денари за килограм, што е повеќе од 11 отсто повисока од минатогодишната.

Дополнително, во согласност со својата стратегија и определба да го стимулира и наградува производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина, „Тиквеш“ и оваа година понуди 50 отсто повисоки цени за грозјето со висок квалитет, произведено согласно светските стандарди и критериуми за квалитет, како и дополнителни три денари за килограм грозје предадено во гајби.

– Она што нѐ прави особено задоволни оваа година е квалитетот на откупеното грозје, што е резултат на зајакнувањето на партнерскиот однос на винарницата со лозарите. Оваа година процесот на договарање и потпишување договори за откуп започна уште во мај, три месеци пред стартот на бербата, при што „Тиквеш“ потпиша околу 2.800 договори за партнерска соработка, обезбеди препарати и средства за заштита по пониски цени, стручни совети и едукација за начинот како лозарите да постапуваат во процесот на одгледување и заштита на лозјата, а обезбедени се и флексибилни начини на исплата на откупеното грозје во многу пократки рокови од оние кои се дефинирани со закон. Се вршеа и лабораториски и сензорни анализи, со цел да се осигура дека грозјето се одгледува според светските стандарди и критериуми за квалитет. Сите овие спроведени активности придонесоа „Тиквеш“ и оваа година да откупи грозје со посакуваниот квалитет, кој е предуслов и гаранција за високиот квалитет на вината на „Тиквеш“, велат од „Тиквеш“, пренесува МИА.

Средствата кои беа најавени од државата за поддршка на винарниците, „Тиквеш“ ќе ги искористи за интернационална промоција и подобро позиционирање на виното на странските пазари

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ на „Тиквеш“ и нови меѓународни признанија
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:просечна ценарекордна ценаТиквеш
Претходен напис Во Кавадарци започна распределбата на картичките за зелена нафта
Следен напис Нов повик на ФИТР, аплицирајте за грант до 320.000 евра за иновации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?