Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Фарма за калифорниски црви во скопско Јурумлери, интересот за биохумус се зголемува


Биохумус е високо квалитетно органско ѓубре добиено од арско ѓубре со помош на калифорниски црви. Калифорниските црви арското ѓубре го преработуваат една година. Потоа се суши сее и пакува. Богато е со сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Идеално е за употреба во органското земјоделие. Се положува непосредно до коренот и не може да се предозира, а растенијата лесно и брзо го асимилираат. Биохумус од просечен квалитет содржи: 5 пати повеќе азот, 7 пати повеќе фосфор, 11 пати повеќе калиум и 3 пати повеќе магнезиум од арското ѓубре.

kaliforniski_crvi_jurumleri_1

Производството на биохумус од калифорниски црви во иднина ќе станува се поатрактивен семеен агробизнис, поради европскиот тренд за производство на органска храна. Тоа е всушност и основното очекување на овие производители, да се поврзат директно со земјоделците кои ќе го користат органско микробиолошко ѓубриво произведено од калифорниски црви во градинарството, овоштарството, лозарството и другите земјоделски гранки.

kaliforniski_crvi_jurumleri_2

– Интересот се зголемува секоја година се повеќе од земјоделци кои сакаат да произведуваат поквалитетно, да добиваат повисоки приноси и еколошки производ – вели Владимир Михајловиќ.

kaliforniski_crvi_jurumleri_3

Тој со ова производство во скопско Јурумлери започнал да се занимава од скоро, но веќе 5-6 години бил активно вклучен на фармата на неговиот пријател каде буквално ја учел технологијата на ова производство.

kaliforniski_crvi_jurumleri_4

– Имав добар ментор, учев од пракса но и многу читав и гледав видеа од едукативни статии на интернет- вели нашиот соговорник и додава дека најдобро за почеток на бизнисот е да се почне со 20-30 легла и 2-3 бокса кои по извесно време се размножуваат и така се шири фармата.

kaliforniski_crvi_jurumleri_5

– За едно четворочлено семејство за да обезбеди егзистенција доволни се 50-100 легла . Но сепак тоа е релативна работа. Што се однесува до поддршка од државата засега не сме влезени во програмата за субвенционирање. Се надеваме дека со развојот на овој агробизнис како и со поголемото побарување на ова најквалитетно ѓубриво за добивање на еколошки род, ќе добиеме и државна помош – вели Михајловиќ.

Окт 22, 2019agrotim1
Еве колку е инвестицијата и добивката во мини фарма од 100 легла калифорниски црвиПод кора – најбрз и наједноставен начин на прекалемување

Напишете коментар Откажи одговор

22/10/2019 Предлог бизнисбиохумус, ѓубриво, јурумлери, калифорниски црви, фарма955

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019