Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новата фабрика на Винчини, 8.5 милиони евра инвестиција, нови работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Новата фабрика на Винчини, 8.5 милиони евра инвестиција, нови работни места
Агровести

Новата фабрика на Винчини, 8.5 милиони евра инвестиција, нови работни места

Објавено 08/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот на Владата на РСМ проф. д-р Христијан Мицкоски со владина делегација,
претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и
градоначалникот на Виница Митко Костадиновски ќе присуствуваат на пуштање во
работа на новата фабрика на Винчини за производство на вафли, вредна 8,5 милиони
евра, претставена од генералниот директор Глигор Цветанов, кој истовремено е и
потпретседател на Стопанската комора.

Во рамки на активноста ќе се одржи и средба со менаџерскиот и стручниот колегиум на
компанијата на која ќе бидат презентирани резултатите и развојните планови на
Макпрогрес, како и актуелните предизвици и можности за понатамошен раст на извозот,
инвестициите и конкурентноста на македонската прехранбена индустрија.

Отворањето на новата фабрика за производство на вафли, се реализира за само шест
месеци, со значајно учество на домашни градежни компании, инженери, проектанти и
изведувачи. Објектот располага со две современи производни линии за производство на
вафли и сродни кондиторски производи, наменети како за домашниот пазар, така и за
повеќе од шеесет странски пазари на кои денес се присутни производите на Винчини.

Со стартот на производството веднаш се отворени 40 директни работни места, додека
во текот на следната година се планираат уште 40 дополнителни нови вработувања, со
што инвестицијата ќе даде значаен придонес кон економскиот развој на регионот и
отворањето нови можности за младите кадри. Новата фабрика ќе се овозможи
зголемување на производствените капацитети на Винчини за околу 30 проценти, како и
значително зголемување на извозот и присуството на меѓународните пазари.

Макпрогрес Виница е долгогодишна членка на Комората и активен поддржувач на
коморските активности и е една од најголемите домашни прехранбени компании, еден
од водечките македонски извозници која преку оваа инвестиција продолжува со својата
стратегија за технолошки развој, зголемување на конкурентноста и афирмација на
македонските производи на светските пазари.

Може да ви се допадне

Црвена етикета за „лажните млечни производи“
Нафтата нагло поскапе на светските берзи, Брент над 97 долари за барел
Еврото ослабе, доларот достигна највисоко ниво во последните недели
Андоновски: На 12 јуни започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“
Андоновски: Со смарт лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста
Таг:Винчинимак прогресфабрика
Претходен напис Андоновски: На 12 јуни започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“
Следен напис Еврото ослабе, доларот достигна највисоко ниво во последните недели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?