Европската комисија, поради вишокот на роба воведе автоматски механизам за пресметување на царина при увозот на пченка, просо и ‘рж од 5,27 евра за тон. Како што се наведува во соопштението, Европската комисија со ова ќе обезбеди европските производители да не се најдат во неповолна ситуација во моменталните пазарни услови.
Ревидираната тарифа објавена на 27 април 2020 година објавена во Службен весник е во согласност со EU642/2010. Царината за увоз на овие три житарици е заснована на разликата помеѓу европската референтната цена и светската референтна вредност на пченката-америчка цена(цена, осигурување и товар)во пристаништето во Ротердам.
Брисел укажува на тоа дека цената на пченката во САД значително паѓа, поради падот на цената на нафтата, што доведе до помала побарувачка на биоетанол во САД (пченкта е главна сировина за производство на етанол).
Паралелно со тоа се очекува рекордна берба на пченка во 2020/2021 на глобално ниво. Трошоците за превоз се исто така намалени поради падот на цената на енергијата. Како комбинација на овие ефекти цената на пченката во САД , во пристништето во Ротердам се намали и изнесува 149,84 евра за тон , во споредба со 162,24 евра пред една година.
Извор: Agrosmart