Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕK предлага задолжителен „Старт пакет“ за младите земјоделци – еднократен грант до 300.000 евра!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕK предлага задолжителен „Старт пакет“ за младите земјоделци – еднократен грант до 300.000 евра!
АгровестиЕУ

ЕK предлага задолжителен „Старт пакет“ за младите земјоделци – еднократен грант до 300.000 евра!

Објавено 29/10/2025
Сподели
5 мин. за читање
oplus_1048592
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделството во ЕУ старее побрзо од другите сектори. Моментално, просечната возраст на земјоделец во ЕУ е 57 години, а само 12% од нив се под 40 години, што значи дека само 12% од земјоделците влегуваат во категоријата на млади земјоделци. Оваа нерамнотежа претставува ризик за долгорочната стратегиска автономија на ЕУ во производството на храна и одржливоста на европските земјоделски средини.

Европската Комисија на 21.10.2025 предложи „Стратегија за генерациска обнова во земјоделството“ со која се утврди јасна поддршка за младите земјоделци и привлекување на повеќе луѓе во земјоделството. Оваа стратегија има за цел двојно зголемување на бројот на млади земјоделци во ЕУ до 2040 година, при што младите и нови земјоделци ќе сочинуваат 24% од европските земјоделци.

Комисијата ќе предложи земјите-членки, особено оние кои заостануваат, да инвестираат најмалку 6% од буџетот за земјоделство за промовирање на генерациската обнова, со опција за мобилизирање на дополнителни ресурси. Стратегијата вклучува развој на национални стратегии за генерациска обнова во земјоделството до 2028 година во кои земјите ќе треба да ги утврдат постоечките пречки и да ги дефинираат мерките за поддршка врз основа на препораките на Комисијата. Земјите-членки ќе треба редовно да известуваат за нивниот напредок. Овие напори на сите земји членки ќе обезбедат одржлив, отпорен и привлечен земјоделски сектор во иднина.

Младите земјоделци се клучот за производството на храна и иднината на руралните области во ЕУ. За да продолжи земјоделството да биде отпорно и привлечно, младите луѓе мора да ги имаат потребните услови за да го градат својот живот и кариера во руралните области, со што ќе се обезбеди не само можноста да останат, туку и желбата да останат во овие области. Сепак, земјоделството се соочува со сериозни притисоци како што се стареење на работната сила, намалување на населението во руралните средини, економски и еколошки предизвици. Ограничениот пристап до земјиште, достапните кредити, пониските приходи и недостигот на релевантни вештини обесхрабруваат нови земјоделци за влез во секторот. Соочувањето со овие проблеми е стратешка потреба, но и заедничка социјална одговорност на ЕУ.

Стратегијата има за цел поддршка и подготовка на нова генерација на европски земјоделци, притоа препознавајќи го фактот дека младите земјоделци се соочуваат со специфични предизвици за кои се потребни специфични активности од секое ниво на управување – европско, државно и регионално – и низ различни политики.

За да се постигне ова, стратегијата утврдува пет клучни насоки за дејствување:

  • Пристап до земјиште,
  • Пристап до финансии,
  • Развој на вештини,
  • Обезбедување добри услови за живот во руралните средини,
  • Поддршка за наследување на земјоделските бизниси.

Секоја насока е поддржана со специфични инцијативи, меѓу кои:

  • Предлог за задолжителен „Старт пакет“ за младите земјоделци во следната Заедничка земјоделска политика, кој ќе овозможи полесен влез во земјоделството и основање преку сеопфатен пакет мерки, вклучувајќи еднократен грант до 300.000 евра,
  • Подобро насочување на фондовите во корист на младите земјоделци,
  • Соработка со Европската инвестициска банка (EIB) за развој на гаранциски шеми и/или субвенции на каматни стапки,
  • Развивање на Европска опсерваторија за земјиште за подобра транспарентност, олеснување на пристапот до земјиште, поддршка на наследувањето
  • Реформи за пензии, пензионирање и пренос на фарми
  • Покана до младите земјоделци да учествуваат во Еразмус за млади претприемачи, каде што ќе може да научат добри практики од странство
  • Поддршка за добри услови за живот во руралните средини и вклучување на младите и жените во локалниот развој,
  • Кофинансирање на  услуги кои ги заменуваат земјоделците за време на болест, одмор или грижа, со цел подобар баланс меѓу работата и приватниот живот.

Стратегијата е наменета да се имплементира на повеќе меѓусебно поврзани нивоа и тоа преку постоечката и идната Заедничка земјоделска политика, комплементарните политики на ЕУ, националните политики и иницијативите од засегнатите страни. Надминувањето на пречките ќе бара силна национална и регионална вклученост за да се обезбеди ефикасен ефект.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:евраевропска комисијаеухрана
Претходен напис За два денари поскапува дизелот
Следен напис Во тек е поднесување на барања за директни плаќања за ЖИВИНАРСТВО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?