Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повторно се отвораат добиточните пазари низ земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Повторно се отвораат добиточните пазари низ земјава
Сточарско производство

Повторно се отвораат добиточните пазари низ земјава

Објавено 04/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое од денес се отвораат за работа добиточните пазари на целата територија на земјава. Пазарите беа затворени на 20 март годинава, како дел од превентивните мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење на болеста КОВИД 19 кај луѓето. На добиточните пазари согласно решението кое денес стапи на сила, се забранува ставање во промет на свињи, а работењето треба да се прилагоди согласно мeрките на Владата и препораките на Министерството за здравство. Движењето на пратки со животни може да се врши исклучиво ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба, ако животните се превезуваат директно во кланица, во собирни центри или на одгледувалишта кои ги исполнуваат биосигурносните услови.

Пред да се натоварат и по истоварот на животните, превозното средство треба да е соодветно исчистено и дезинфицирано, за што се издава потврда од страна на овластеното ветеринарно друштво. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни со непознат здравствен статус и во сите фази на движењето (товарање, превоз, истоварање и друга манипулација со животните) треба да се почитуваат сите мерки на Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство кои се однесуваат на спречување на ширење на болеста COVID 19 кај луѓето.

Животните кои ќе се најдат во промет без сертификат за нивната здравствена состојба, или кои не се идентификувани ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети, без надомест за настанатата штета, односно, на трошок на одгледувачот. Сите учесници во ветеринарната служба треба редовно да се информираат и да ги следат мерките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство.

Ветеринарните друштва редовно да се информираат и да ги следат заклучоците на Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство. Активности не треба да се вршат во одгледувалиштата каде има лица кои се во самоизолација, а активностите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните во населените места во кои има лица заболени од вирусот КОВИД 19 да се остават последни, односно во овие области, ветеринарните активности од овој тип ќе се спроведат кога ризикот од КОВИД 19 нема да постои.

–

Може да ви се допадне

АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози – нема опасност за луѓето
АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
АХВ: Изречена втора парична казна за Општина Гостивар за неовластено заловување и дислокација на учични кучиња
Таг:ахввлададобиточен пазаротоворени
Претходен напис Половина милион евра грант од ЕУ за борба против африканска чума
Следен напис Европската комисија со воведување на царина ги штити производителите на пченка, просо и ‘рж
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?