Ви пренесуваме објава од страницата Proizvodnja voća i povrća каде може да се најдат одлични едукативни објави од областа на производството на овошје и зеленчук. Овој пат за едно видување на градината во октомври.

„Во мојата градина, октомври никогаш не значи крај, туку почеток на нешто ново. Додека лисјата шушкаат под нозете, подготвувам леи за растенија кои ќе го издржат студот и ќе растат тивко додека сè друго спие. Садам лук, кромид, спанаќ и зелена салата. Оставам семки од грашок во земјата затоа што знам дека напролет ќе ми ги дадат првите млади изданоци – токму кога најмногу ги сакам.
Иако деновите се пократки, градината е сè уште жива. Секое садење во октомври носи мир и сигурност, како да градам мост помеѓу есента и пролетта. Ги покривам растенијата со прекривка од суви лисја и слама, како да ги покривам со топло ќебе. Знам дека зимата ќе дојде, можеби сурова и снежна, но под тој слој живот растенијата дишат и чекаат.

Октомвриската градина ме учи на трпение. Не е сезона на брзи плодови, туку на тивка подготовка и доверба во природата. Кога го кревам прекривката напролет и ги гледам младите, зелени лисја, се чувствувам благодарна затоа што знам дека корените си ја завршиле работата додека сè изгледало мртво. Есента и зимата во градината не се крај, туку тивки ветувања за нов почеток“ .
