Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови правила од утре за влез во земјите во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови правила од утре за влез во земјите во ЕУ
Агровести

Нови правила од утре за влез во земјите во ЕУ

Објавено 11/10/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Системот ќе се воведува постепено во следните шест месеци, што значи дека нема сите премини да го користат веднаш, а до 10 април ќе постојат и двата система паралелно. Само Естонија, Луксембург и Чешка ќе го воведат целосно од утре.

Патниците кои ќе пристигнуваат во Европската Унија од земји што не се членки, вклучително и од Македонија, од утре ќе треба да се подготвени дека подолг ќе чекаат затоа што стапува во сила новиот автоматизиран Систем за влез/излез (ЕЕС), што ќе го замени досегашното рачно печатирање на пасошите.

Новата процедура предвидува државјаните на трети земји да застанат пред службеник за пасошка контрола или да користат киосци за самопослужување на аеродромите, пристаништата и на меѓународните железнички терминали за да дадат отпечатоци од прсти и да бидат фотографирани. Овие податоци ќе се чуваат во системот три години и ќе овозможат дигитално евидентирање на влезовите и излезите, со што ќе се детектираат лицата кои го надминале дозволениот престој од 90 дена во период од 180 дена, пишува РСТ.

„Од недела, 12 октомври, земјите-членки ќе почнат електронско регистрирање на податоците на патниците кои не се од ЕУ на граничните премини. Тие ќе го прават тоа постепено, првично само на некои од премините. На крајот од шестмесечниот преоден период, новиот систем ќе биде целосно во сила на сите премини. Ставањето печат ќе биде заменето со електронска регистрација“, објаснува Маркус Ламерт, портпарол на Европската комисија.

Авиокомпаниите и властите стравуваат од можен хаос.

„Авиокомпаниите кои летаат до големите аеродроми имаат строги распореди, па и само неколкуминутно доцнење на граничната контрола може да ги поремети поврзаните летови“, изјави Монсерат Барига, генерален директор на Здружението на европски регионални авиокомпании.

Националните власти се загрижени за можниот хаос, особено во Франција, која е водечка туристичка дестинација во светот. Анонимен функционер од француското Министерство за внатрешни работи изјави дека со новиот систем, времето на чекање на граница за патниците од долгите летови би можело да се зголеми тројно. Поради ова, Франција планира да ангажира дополнителни 230 гранични полицајци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕУпрстфото
Претходен напис Есента и зимата во градината не се крај, туку тивки ветувања за нов почеток
Следен напис Во Русија ќе се одгледуваат банани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?