Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НАЈАВЕН ПОВИК ЗА МЕРКА 3: Подготовките се во тек, сите информации на едно место
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > НАЈАВЕН ПОВИК ЗА МЕРКА 3: Подготовките се во тек, сите информации на едно место
ИПАРД

НАЈАВЕН ПОВИК ЗА МЕРКА 3: Подготовките се во тек, сите информации на едно место

Објавено 10/10/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес официјално го најави новиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Повикот се очекува да биде објавен во текот на месец ноември, а периодот за аплицирање ќе трае 45 денови.

Преку оваа мерка, микро, мали и средни претпријатија (МСП) можат да аплицираат за неповратен грант во максимален износ до 1,5 милиони евра кој ќе покрие 50% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на машини и опрема за преработка на земјоделски производи.

Покрај машини и опрема, прифатливи трошоци се и за набавка на специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила: цистерни за млеко, приколки за ладење, приколки за транспорт на живи животни и др.

Во рамки на предложените инвестиции прифатливи се и трошоци за градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти, или реконструкција и подобрување на постоечките објекти.

ПРИФАТЛИВИ ДЕЈНОСТИ

Преработка на земјоделски производи (од суровина до готов производ), и тоа:

  • Овошје и зеленчук (вклучувајќи и компири и мешункасти култури)
  • Житни, мелнички и скробни производи
  • Растителни и животински масла и масти
  • Шира од грозје, вино, други ферментирани пијалоци, жесток алкохол и оцет
  • Млеко и млечни производи
  • Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина)
  • Риба и производи од риба
  • Производство на сточна храна

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат правни лица од рангот на микро, мали и средни претпријатија, регистрирани во Централниот регистар согласно Законот за трговски друштва, со годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра и максимум 250 вработени.

Покрај трговски друштва, на јавниот повик може да аплицираат и задруги.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 1.500.000 евра.

Поддршката преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 50% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.

Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 50.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 50.000 евра нема да се разгледуваат.

ВИДОВИ НА ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Во рамки на Мерка 3 од ИПАРД програмата може да инвестирате во:

  • Набавка на нови машини и опрема
  • Набавка на градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на згради и објекти до целосна функционалност
  • Изградба или реконструкција, вклучувајќи технички надзор
  • Компјутерски софтвер и софтверски лиценци
  • Воведување на системи за управување во претпријатијата (ISO)

✅ ДСИ Консалтинг нуди целосна и професионална подготовка на проектни апликации за сите акредитирани мерки од ИПАРД III програмата.

За повеќе информации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

Во рамки на предлог-проектите може да се аплицира за неповратни 50% од вкупните трошоци за:

  • Опрема за прием, собирање и чување
  • Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали
  • Опрема за предладње, ладење и замрзнување
  • Машини и опрема за производни линии/постројки за производство на храна
  • Опрема за мешање, печење, пржење и оформување
  • Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка
  • Дробилки, преси, опрема за филтрација, деаерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, дестилација, пастеризација и стерилизација
  • Резервоари, силоси, танкови, резервоари за зреење и буриња
  • Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување
  • Опрема за полнење, пакување и етикетирање
  • Опрема за преработка на месо
  • Опрема за преработка на риба
  • Лабораториска опрема, мебел и апарати за анализа на производот
  • Опрема за производство на добиточна храна
  • Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари, транспорт-приколки, ладилници, контејнери, палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти, опрема за мерење и квалитет
  • Опрема за следење на квалитетот, контрола и системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција
  • Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање
  • CIP опрема (clean in place) и опрема за индустриско чистење на простории
  • Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните

Набавка на специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила:

  • Цистерни за млеко
  • Приколки за ладење
  • Приколки за транспорт на живи животни
  • Слатководна риба и живина и нивните производи
  • Добиточна храна

  • Трошоци за изградба/реконструкција на објекти

✅ ДСИ Консалтинг нуди целосна и професионална подготовка на проектни апликации за сите акредитирани мерки од ИПАРД III програмата.

За повеќе информации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица – фаза 2 и 3
Трипуновски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово ќе потпишат грант од два милиони долари
Јавен повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми
АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Таг:апликацијагрантИпардјавен повикмерка 3
Претходен напис Жетвата на сончогледот во Србија е завршена: Просечен принос 2,42 тони по хектар
Следен напис Есента и зимата во градината не се крај, туку тивки ветувања за нов почеток
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?