Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ладилници во месарница во северниот дел на Атина цел на хакерски напад
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ладилници во месарница во северниот дел на Атина цел на хакерски напад
Агровести

Ладилници во месарница во северниот дел на Атина цел на хакерски напад

Објавено 03/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сопственикот на месарница во Кифисија, во северниот дел на Атина, Јоргос Бумбас, денеска изјави дека уредите за ладење во неговата продавница биле цел на хакерски напад, поради што температурата во нив била поставена на дури 150 степени Целзиусови.

Бумбас изјави за телевизијата Скај дека по пристигнувањето на работа околу четири часот утрово, вработените забележале дека нешто не е во ред со уредите за ладење и дека на почетокот помислиле дека станува збор за дефект.

„Тие беа поставени на 150 степени Целзиусови, а ние не можевме рачно да интервенираме бидејќи не можевме да пристапиме до системот“, рече Бумбас.

Компанијата располага со современ систем за мониторинг, при што известувањата се испраќаат како до техничката служба задолжена за одржување, така и на мобилните телефони на одговорните лица. На тој начин, кога ќе се забележи необична промена во температурата, се активираат соодветните предупредувања.

- Реклама -
Ad image

Проблемот, сепак, беше во тоа што првично никој не можеше да претпостави дека зад овие показатели стои сајбер-напад, а не технички дефект, наведуваат од компанијата погодена со нападот.

Како што изјави за Скај, техничарот го известил дека проблеми имало и во два други деловни субјекти во околината: супермаркет и угостителска продавница.

Фото: Принтскрин Скај ТВ гр

МИА

Може да ви се допадне

Дали пожарите на ниво на предел го загрозуваат нашето производство на храна?
Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди
Делови од Гази Баба и Илинден без струја, ГТЦ без вода
Регионална конференција за е-трговија во Скопје
Таг:атиналадилницимесарницахакерски напад
Претходен напис Дали пожарите на ниво на предел го загрозуваат нашето производство на храна?
Следен напис Есенска подготовка на градините и сеидба на зеленчук
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?