Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК промовираше нова стратегија за поттикнување на растот, конкурентноста и отпорноста на биоекономијата во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > ЕК промовираше нова стратегија за поттикнување на растот, конкурентноста и отпорноста на биоекономијата во Европа
ЕУ

ЕК промовираше нова стратегија за поттикнување на растот, конкурентноста и отпорноста на биоекономијата во Европа

Објавено 27/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија денеска усвои нова Стратешка рамка за конкурентна и одржлива биоекономија на ЕУ, која има за цел да го трасира патот кон изградба на чиста, конкурентна и отпорна европска економија.

Според Комисијата, со користењето на копнени и водни обновливи биолошки ресурси и обезбедувањето алтернативи за ретките суровини, ЕУ ќе се движи кон поциркуларна и декарбонизирана економија и ќе може да ја намали зависноста од увоз на фосилни горива.

– Биоекономијата ѝ нуди на Европа шанса да ја зајакне својата отпорност, да ги замени материјалите и производите базирани на фосилни горива, да создаде работни места и да го предводи глобалниот премин кон чисти индустрии. Со оваа нова Стратегија, ЕУ ќе поддржи активности што обезбедуваат одржливи практични решенија користејќи ги нашите биолошки ресурси во сектори како што се земјоделството, шумарството, рибарството, аквакултурата, преработката на биомаса, биопроизводството и биотехнологиите, соопшти ЕК.

Во соопштението се посочува дека искористувањето на огромниот потенцијал на биолошки ресурси ќе резултира и со поттикнување на иновациите во користат на климата, природата и општеството.

Според податоците на ЕК, секторот на биоекономијата на ЕУ во 2023 година создал вредност од 2.700 милијарди евра и во него се вработени 17,1 милиони луѓе, што претставува околу осум отсто вкупниот број работните места во блокот. Дополнително, се проценува дека секое работно место во биоекономијата создава три индиректни работни места во други сектори во ЕУ.

Меѓу производите на биоекономијата спаѓаат фармацевтските препарати изработени на база од алги, амбалажата за пакување од биопластика, како и биолошките градежни производи, текстилни влакна и ѓубрива.

Си стратегијата се предвидува и формира „Алијанса за био-базирана Европа“, која ќе ги здружи компаниите од ЕУ за заеднички набавки во секторот на биоекономијата во вредност од 10 милијарди евра до 2030 година.

МИА

Може да ви се допадне

ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Европскиот Парламент одлучи веднаш да исплати 75% од директните плаќања
Франција и Италија постигнаа договор: Повеќе пари за Заедничката земјоделска политика
ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините
Таг:европаекономијаеукомисијастартегија
Претходен напис До 25 декември е пријавување за дополнителни субвенции за ГРАДИНАРСТВО
Следен напис УХМР: Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?