На 12 февруари во Валандово се одржа едукативниот настан „Напредни техники за одгледување и органско производство на бадеми“, организиран од Балески – Органик ДОО Валандово, со поддршка од Increasing Market Employability – IME.

Специјален гостин и предавач беше Хуан Пабло Белидо, експерт од Шпанија. Пабло и неговото семејство во моментот одгледуваат 130 хектари со бадеми и има семејно искуство од 80 години при одгледување на бадем. Нивните дрва бадем се родни секоја година дури и најстарите од 80 години.

-По теоретската обука се упативме да одржиме практична обука на најблиската наша плантажа каде што учесниците научија како правилно да ги извршуваат агротехничките и помотехничките мерки. Гости на предавањето беа и претставници од Балкан Биосерт кои ги објаснија постапките за премин кон органско производство, како и можностите за финансиска поддршка за прва сертификација преку проектот на Балески-Органик и IME.



На настанот присуствуваа околу 30 бадемари, кои покажаа огромен интерес и активно учествуваа во дискусиите. Експертот од Шпанија ги сподели најновите техники за зимско кроење и реновирање на насадите, со што ќе се обезбеди континуирана родност на бадемите секоја година.

Експертот ќе присуствува во Македонија во мај се со уште едно предавање за важноста на летната резидба и одржувањето на здрава почва. Очекуваме што повеќе бадемари да го посетат следното предавање за да научиме нешто повеќе одгледувањето.

Фејсбук статус на Балески – Органик ДОО Валандово.