Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Програма за РУРАЛЕН РАЗВОЈ за 2025: Финасиска поддршка за земјоделски ЗАДРУГИ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Програма за РУРАЛЕН РАЗВОЈ за 2025: Финасиска поддршка за земјоделски ЗАДРУГИ
Субвенции

Програма за РУРАЛЕН РАЗВОЈ за 2025: Финасиска поддршка за земјоделски ЗАДРУГИ

Објавено 17/02/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата ја донесе програмата за финансиска поддршка на Руралниот развој за 2025 година во која се предвидени средства за поддршка на земјоделските задруги.

XI

(1) Средствата од делот II став (1) од табелата мерка 131 „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност“ од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 74, 90 и 91 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка за следните намени:

а) За воспоставување на земјоделската задруга не постара од 12 месеци од денот на основање на земјоделската задруга до денот на објавување на јавен повик за доставување на барања за исплата на средства (подмерка 131.1):

– трошоци за воспоставување на земјоделската задруга (адвокатски трошоци, нотарски трошоци, административни трошоци);

– трошоци за закуп на канцелариски деловен простор за работа на земјоделската задруга за период не подолг од 36 месеци;

– трошоци за набавка на компјутерска опрема, канцелариски мебел и компјутерски софтвер за планирање, управување, следење и контрола;

б) За функционирање на земјоделските задруги (подмерка 131.1):

– бруто-плата за едно вработено лицe во земјоделската задруга со висина на износ не поголема од просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во Република Северна Македонија;

– услуги од трети лица за водење на сметководство и ревизија на работењето на земјоделската задруга;

– услуги за изработка и одржување на интернет-страница;

в) За инвестиции за унапредување на физичкиот потенцијал на земјоделската задруга (подмерка 131.2) и тоа за: – трактори;

– култиватори или мото-култиватори;

-опрема и приклучна механизација за припрема на почвата, садење или за берење/собирање/ жнеење и транспорт;

-генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија на земјоделското земјиште;

-градежни материјали и елементи за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода за наводнување на земјоделскиот имот на корисникот;

– системи за наводнување;

– хидротехничка опрема за одржување на системите за наводнување;

– опрема за загревање и климатизирање на заштитни простори;

– конструкции за поставување на заштитни мрежи и фолии;

– заштитни мрежи и фолии;

– системи против замрзнување (антифрост системи);

– навигациони системи за механизиација и комбајни;

– опрема за производство на амбалажа за постбербени активности;

– опрема за складишни капацитети;

– електрични огради за заштита од дивеч;

– опрема за пластеници и стакленици (вклучително и Хидропоника и/или Аеропоника);

– опрема за производство на енергија од обновливи извори за потребите на земјоделската задруга;

– градежни материјали и елементи за конструкција на капацитети за постбербени активности или купување на постоечки објект за постбербени активности;

– градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на механизацијата и опремата;

– градежни материјали и елементи за конструкција на расадници со опрема за микроклиматски услови;

– услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи;

– услуги од трети лица за инсталирање на опремата вклучително и софтвер и – услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација.

(2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци од ставот (1) на овој дел по корисник изнесува:

– за прифатливите трошоци од ставот (1) точка а) на овој дел до 100% од направените трошоци;

– за прифатливите трошоци од ставот (1) точка б) алинеја 1 на овој дел до 60% од направените трошоци;

– за прифатливите трошоци од ставот (1) точка б) алинеи 2 и 3 на овој дел до 100% од направените трошоци;

– за прифатливите трошоци од ставот (1) точка в) на овој дел до 90% од вкупната вредност на набавката и – поддршката за прифатливи трошоци од став (1) точка а) алинеја 3 на овој дел се исплаќа еднократно.

(3) Поддршката од ставот (1) точка б) на овој дел се однесува на трошоци настанати во земјоделските задруги за период на 2023, 2024 и 2025 година.

(4) Поддршката од ставот (1) точка в) на овој дел се доделува врз основа на одобрен деловен план изготвен за плански период од најмалку пет години.

(5) Дополнителни барања за поддршката од став (1) точка в) на овој дел се: – одлука на земјоделската задруга за потребата од инвестиции донесена согласно Статут и – исплата на плата за еден вработен во земјоделската задруга за претходната година или за новоформираните земјоделски задруги исплата на плата за тековната година сметано од денот на основање на земјоделската задруга до денот на објавување на јавниот повик за поднесување на барања за финансиска поддршка.

(6) За реализација на мерката од ставот (1) точка в) на овој дел, Агенцијата објавува јавен повик за поднесување на барања за финансиска поддршка до 30 март 2025 година.

(7) Дел од средствата од ставот (1) на овој дел во износ од 3.000.000 денари се наменети за неподмирени обврски од реализација на мерката 131 „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност“ од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.

Извор: Службен Весник Бр. 29 од 11.02.2025 година

Може да ви се допадне

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари
Ристески: Како Влада ќе делуваме за заштита на земјоделците поради скапите репроматеријали
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
Таг:владазадругиземјоделски задругирурален развој
Претходен напис Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
Следен напис Едукативен настан – „Напредни техники за одгледување и органско производство на бадеми“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?