Цената на зелката, без која зимата е незамислива, е четири до пет пати повисока од минатата година. Помалата понуда поради сушата, и повисоката побарувачка, се причина за зголемувањето на цената на овој зеленчук. Порано вреќичка можела да се купи за три до четири марки (1,5-2 евра), минатата година во Семберија и за две, а сега вреќа од 10 килограми чини 10 до 12 марки (5-6 евра).
Производителите на зеленчук оваа година засадиле помалку зелка, а сушата уништила 30 до 50 проценти од родот, така што цената е пет пати повисока, почнувајќи од раната зелка, до есенската која чини марка и пол до две (0,77 центи-1 евро) по килограм во малопродажба.
-Не е нормално вреќа зелка да чини една марка, но не е реално таа да биде 10 марки – посочува Драган Стајиќ, одгледувач на зеленчук од Велика Обарска.
Раде Јовичевиќ, потпретседател на Здружението на производители на зеленчук на Република Српска, посочува дека оној кој годинава планирал да произведе 10 тони зелка, произведил три тони.
„Никој не може да се пофали дека заработил премногу на зелка, иако цената е огромна бидејќи планираните количини не се исполнети“ – вели Јовичевиќ.
Оние кои договориле производство сметаат на повисоки субвенции од ресорното министерство.
Пазарите, кои биле преплавени со зелка во овој период од годината, имаат скромна понуда, така што има цена и зелката со послаб квалитет.
Купувачите главно се жалат на цената, но киселата зелка им се исплаќа повеќе отколку да ја купат на парче по пазарите.
Поради недостаток на зелка, преработувачите исто така се во неволја, бидејќи им е тешко да се вклопат во пазарната цена. Подготвени се да платат повеќе од договореното, но нема стока, па ќе бидат принудени да увезуваат суровини.
Извор: agrosavjet.com
