Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион
Агровести

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион

Објавено 04/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од македонските државјани што се наоѓаат во Абу Даби (вкупно 447). За нив се финализираат техничките и логистичките детали за да се вратат со чартер-летови. 

Во Израел бројката на македонски државјани што побарале помош останува непроменета. За некои од нив, односно шест лица, евакуацијата е завршена затоа што одлучиле на сопствен трошок со комерцијални летови да се вратат во Скопје, а другите шест лица во текот на денот се очекува да бидат транспортирани по копнен пат од Израел до Египет, а утре со владиниот авион да бидат вратени дома.

–  Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, во хотел, на товар на државата, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје – информира Министерството за надворешни работи.

Во Доха бројката на македонски граѓани што побарале помош е 136. Истовремено, нашите дипломатско-конзуларни претставништва прават и посебен план за евакуација на граѓаните што се во Бахраин и Кувајт.

Од Министерството апелираат до сите македонски државјани што се наоѓаат во погодените региони (Обединетите Арапаски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт), доколку сè уште не го сториле тоа, веднаш да стапат во контакт со надлежното дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС-бројот на Министерството.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојан контакт и целосно на располагање на македонските граѓани, како и во редовна координација со надлежните локални власти, со цел безбедно и навремено спроведување на евакуацијата – се наведува во денешното соопштение. 

МИА

Може да ви се допадне

Водата во Скопје е безбедна за пиење
Производители на пиперки денеска на протест: Еден час ќе биде блокиран патот Прилеп – Битола
ИЗВЕСТУВАЊЕ : За поднесување на барања за складиштарење на пченица и јачмен
„Инвеститорски ден“ во организација на Македонска берза
ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
Таг:632 македонски државјанивладиниот авионевакуацијачартер-летови
Претходен напис Митреска: Народната банка ги следи случувањата на Блискиот Исток, ако има потреба ќе реагира
Следен напис АХВ со високи оценки од сертификациското тело MQS – потврдена ефективноста на системот за управување со квалитет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?